Свет
По три месеца ратификувани изборните резултати во Ирак
Ирачкиот врховен суд во вторник ги ратификувал резултатите од спорните парлаемнтарни избори одржани уште на 7-ми март, прогласувајќи ја секуларната коалиција за победник, со што се смета дека е сторен еден од најважните чекори кон решавање на крвавата криза во постизборниот период
Претседателот на Врховниот суд на Ирак, Мидхат ал-Махмуд гиобјави резултатите според кои коалицијата Иракија освои 91 место налгасувајќи дека е „уверлива“. Коалицијата е предводена до Ајад Алави, поранешен премиер и секуалрен шиит, неа ја поддржува и дел од сунитскот малцинство во Ирак. За убедливост ана овој изборен резултат, судот решил да ги „ратификува конечните резултати на општите парлчаментарните избори за 2010 г.“, изјавил ал-Махмуд.Меѓутоа, Коалицијата на Алави освои само две места повеќе од коалицијата што ја предводи актуелниот премиер Нури ал-Малики. Сепак, ниедна од од двете коалиции немаат потребно мнозинство во парламентот во кој има вкупно 325 мандати, заради што Ирак веќе неколку месеци е во многу тензична состојба, што може да потрае и подолго и да предизвика посериозни судири во земјата.Малики во мај направи коалициски договор со религиозниот Ирачки национален сојуз кој е предводен од контроверзниот клерик Моктад ал-Садр. Заедно воие две коалиции или како што аналитичарите ја нарекуваат „супер шиитска“ коалиција имаат 159 места или само четири помалку од бројката која е потребна да се формира парламентарно мнозинство. Од страна на Малики веднаш беше изразено незадоволство од одлуката на Врховниот суд. Неговата коалиција беше изненадена од поразот и вложи најмногу жалби барајќи ново пребројување на гласовите. Дури се обиде изборните резултати да ги оспори по судски пат, но и то ане помогна. Медиумите забележуват дека Малики при денешната посета на Курдистан каде се обидува да ги привлече курдистанските партии да влезат во неговата коалиција што би му обезнедило уште еден мандат на премиерската функција. Според ирачкиот устав, претставникот Џалал Талаибани, за 15 денови да ја закаже првата седница на парламрнтот во новиот состав на која би можело да се изберат нов претседател на државата и на парламентот. Новиот претседател потоа би имал уште 15 дена да ја прогласи коалицијата која има најмногу мандати која може да состави влада, а тоа е комплицирано па може да треа и неколку месеци. Дополнително комп-лицирање е во толкувањето ан одредбата „најголем блок“, односно дали станува збор за блокот односно коалицијата која освоила најмногу гласови или, пак, за блокот кој ќе има најмногу мандати во парламентот при постизборните комбинаторики. Како што се нанведува во агенциските извештаи, ирачкиот Врховен суд се решил ова прашање да го остави отворено и одлуката за тоа како ќе се толкува оваа одредба да му ја препушти на новиот претседателот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Батлер на Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет
Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а потоа обид за продажба преку интернет. Тој е еден од тројцата уапсени во скандалот што ја потресе официјалната резиденција на францускиот претседател, а украдените предмети се проценуваат на вредност од 40.000 евра, објавува „Гардијан“.
Истражителите уапсија еден маж и двајца соучесници минатата недела. Властите беа предупредени за исчезнувањето на предметите, од кои некои се сметаат за национално богатство, од главниот инспектор на палатата. Повеќето од парчињата доаѓаат од познатата фабрика за порцелан „Севр“ во Париз, која е во државна сопственост од 1759 година. Истрагата беше покрената откако вработените во фабриката препознаа некои од исчезнатите предмети на веб-страници за онлајн аукции како што е „Винтед“.
Според истражителите, сметката на осомничениот во „Винтед“ вклучувала плочка со печат „Француски воздухопловни сили“ и пепелници означени како „Sèvres Manufactory“, предмети што вообичаено не се достапни за јавноста. При претресот на неговиот дом, возило и личен шкафче биле пронајдени околу стотина предмети, вклучувајќи порцелан Севр, статуа од Рене Лалик, чаши за шампањ „Бакара“ и бакарни садови.
Улогата на главниот сребрар вклучува чување и грижа за сребрениот прибор што го користат претседателите и достоинствениците. Обвинителите изјавија дека инвентарните листи што ги водел уапсениот сребрар сугерираат дека тој планирал идни кражби. Тој и неговите соучесници беа изведени пред суд пред четири дена, а нивното судење е закажано за 26 февруари следната година.
Тие беа ставени под судски надзор, им беше забрането да контактираат едни со други, да посетуваат аукциски куќи и да се занимаваат со професионални активности. Пронајдените предмети беа вратени во Елисејската палата, што е посреќен исход од Лувр, на кој сè уште му недостасуваат кралски накит во вредност од 88 милиони евра по грабежот преку ден во октомври. Четири осомничени се уапсени во врска со случајот.
Случајот е само најновиот во низата кражби што ги погодија престижните француски институции. Во септември беше ограбен Природонаучниот музеј во Париз, каде што исчезна злато во вредност од околу 1,5 милиони евра, како и Музејот на порцелан во Лимож, кој изгуби кинески порцелан во вредност од 6,55 милиони евра. Во октомври, околу 2.000 златни и сребрени монети во вредност од околу 90.000 евра беа украдени од музејот „Мезон де Лумиер“ во Лангр.
Свет
Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд.
„Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги промовира интересите на нашата земја за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузници и светот“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Белата куќа и претставниците на Ландри не одговорија веднаш на барањата за коментар, објави Ројтерс.
Џеф Ландри е американски политичар од редовите на Републиканската партија и актуелен гувернер на сојузната држава Луизијана. Претходно, тој беше државен обвинител на таа сојузна држава со години, а беше и конгресмен во Претставничкиот дом на САД.
Тој е национално препознатлив првенствено како еден од најтврдите конзервативци на југот од земјата. Ландри се здоби со политички профил преку теми како што се силното противење на абортусот, отфрлањето на федералните регулаторни овластувања, отпорот кон климатските политики и нагласувањето на „законот и редот“.
Тој го поддржуваше Трамп дури и по изборите во 2020 година и учествуваше во правни и политички иницијативи со кои републиканците ги оспорија потезите на администрацијата на Бајден. Трамп јавно го поддржа во трката за гувернер.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.

