Свет
Израелците мирно го преземаа „Рејчел Кори“
Израелските војници во сабота мирно ја преземаа контролата врз ирскиот брод со хуманитарна помош и ќе го спроведат до пристаништето во Ашдод, соопшти израелската армија
Портпаролката на израелската армија Авитал Леибовиц рекла дека преземањето се одвивало со целосна соработка на екипажот, прнесува AFP.„Нашите сили се качија на палубата од бродот и ја преземаа контролата без отпор на екипажот и патниците“, изјавила Леибовиц.
„Според првичните информации, нема повреди ниту од војниците, ниту меѓу членови на екипажот, бидејќи употребата на сила не беше потребна и не е користено никакво оружје“, додала Лиебовиц.
Откако бродот ќе биде доведен во пристаништето Ашдод, се очекува дека екипажот и хуманитарците ќе бидат депортирани а хуманитарната помош, израелските валсти ќе ја однесат во Појасот Газа од страна на земјата. Малезијскиот министер за надворешни работи Анифак Аман, официјално побара до Тел Авив да ја осигура безбедноста на сите активисти за човекови права, меѓу кои шестмина се Малезијци. Инаку Малезија и Израел немаат воспоставено дипломатски односи. Според малезиските медиуми, на бродот „Рашел Кори“ имало околу 550 тони лекови, градежни материјали, образовни литература и играчки кои биле проверувани при нивното вторварување во Ирска.Со ова заврши повеќечасовната тензична ситуација во водите пред Појасот Газа, што ја следеше целиот свет, откако екипажот на ирскиот брод „Рашел Кори“ претходно трипати одби самиот да го насочи бродот кон Ашдод. Ирскиот брод кој превезува хуманитарна помош и цемент што израелските власти го забрануваат да се внесе во Газа, беше следен од најмалку три воени брода. Израелската воена морнарица со три брода почна да го следи ирскиот брод кој се наоѓаше околу 65 километри од Газа, Како што првично известија агенциите и на него се качиле израелските војници, но палестинските активисти од одборот за дочек на помошта во Газа дополнително ги демантирале овие информации.САД во петокот доцна навечер на екипажот на бродот му порачаа да ги избегнува судирите и да се грижат за својата безбедност.Портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност, Мајк Хамер, потенцираше дека ниту САД „не се задоволни со блокадата“.„Сегашната состојба е нодржлива и траба да се измени“, рекол Хамер.Израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман во петок навечер најави дека ќе биде запрен секој брод кој „ќе се обиде да го повреди израелскиот суверенитет“ и дека бродот „Рашел Лори“ нема да стигне до брегот на Газа.И овој брод пренесува градежен материјал, што Израел не го дозволува во Газа, тврдејќи дека може да биде употребен во воени цели.Бродот „Рашел Кори“ е наречен по американската активистка кој во 2003 г. беше прегазена од израелски воен булдожер во текот на протестите во Газа, беше пресретнат десет наутички милји од брегот односно во израелската територија на забрана од 20 милји.На бродот се наоѓаат неколку ирски и малезиски активисти, меѓу кои е и 66-годишниот лауреатот на Нобеловата награда од Ирска, Мајрид Мегвајр. Ораганизаторите на ова патување првично се надеваа дека на бродот ќе доведат уште неколку прочуени личности, вклучувајќи ја и преживеаничката на Холокаустот, Хеди Епштајн и група на новинари, но не успеале пораката навреме да му ја пренесат на бродот за да застане во одредените пристаништа.Ирскиот премиер Брајан Коуен неколку пати остро го опомена Израел дека на бродот мора да му биде дозволено да влезе во Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.