Свет
Расте тензијата во Газа
Израелската армија потврди дека убила најмалку четири палестински милитанти во водите близу појасот Газа. Од друга страна, а неговиот најголем непријател Иран најави дека ќе прати два брода со хунманитарна помош
Израелската поморска патрола во понеделник убила најмалку четири палестински милитанти. Патролата забележала чамец со четрии мажи во костуми за нуркање како се подготвуваат да извршат терористички напад, по штп отворила оган врз нив и ги ливкидирала, рекал портпаролката на израелската армија Авитал Леибовиц за Reuters. Истата информација ја потврдилие и извори од Хамас, чии припадници нашле четири тела, додека соопштиле дека едно исчезнато лице по кое се трага највероајтно е мртво.Иранската Црвена полумесечина ќе испрати два брода со хуманитарна помош за Газа кон крајот на седмицата обајвиле од оваа хуманитарна организација, пренесе иранската државна агенција Irna. Едниот брод ќе биде натоварен со подароци од иранското население, претежно лекови и храна, а во вториот ќе патуваат доброволци од Црвената полумесечина, рекол Адбулрауф Адибзаде, директор на меѓународниот оддел на организацијата.„Доброволците кои сакаат да отидат во Газа и да помогнат на угнетениот народ во окупираната Палестина, можат да се регистрираат на интернет-страницата на организацијата“, изјави Адибзаде. Идеолошката острица на иранскиот режим, Чуварите на револуцијата, претходно соопшти дека е подготвена да биде заштита на бродовите со хуманитарна на помош за Газа, доколку врховниот духовен и општествен ирански авторитет, ајатолахот Али Хамнеи издаде таква наредба.„Поморските сили на Чуварите на револуција се целосно подготвени да ги придружуваат конвоите на Флотата на мирот и слободата кои пренесуваат хуманитарна помош од целиот свет за напатениот народ во Газа“, изјавил Али Ширази, еден од врвот на Чуварите на револуцијата. Тој додал дека доколку ајатолахот Хамнеи издаде таква наредба, нивните поморски сили ќе преземат практична примена за придружување на бродовите кои пловат кон Газа при што ќе користат „свои средства и опрема“.Во понеделник во Њујорк, израелскиот министер за надворешни работи Авгидор Либерман треба да се се сретне со израелските дипломати и да го претстави ставот на владата во врска со крвавиот инцидент на хуманитарниот конвој од минатата седмица. Според сооптшението од израелското министерство за надворешни работи, Либерман на амбасадорите на Израел во САД, Канада и ОН ќе им ги соопшти деталите и имињата на високи личности кои стојат зад организирање на конволот и нивната поврзаност со „меѓународниот џихад“. Покрај тоа, Либерман ќе има средба и со врвот на американската еврејска заедница со кои ќе разговара за улогата што тие може да ја имаат во засилената пропагандна офанзива против Израел по инцидентот во врска со тригодишната поморска блокада на појасот Газа. Израелските командоси на 31 мај упаднаа на трускито брод „Мар Мармара“ кој беше дел од хуманитарниот конвој за Газа, при што беа убиени девет лица. Откако Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун понуди меѓународа истрага во која ќе учествуваат израелската и турската страна со посредство на претставници на ОН и САД, премиерот Бенјамин Нетанјаху ја одби таквата можност. Но Тел Авив се консултира со Вашингтон како да ја спроведе сопствената истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туск: Полска е лојален сојузник на САД, но никогаш нема да биде вазал
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека Полска е сигурен и лојален сојузник на САД, но дека никогаш нема да биде вазал, ниту на САД ниту на други земји.
„Советот за мир е многу иновативен, многу оригинален потфат, но не сите негови аспекти ѝ одговараат на Полска. И треба да можете да разговарате со вашиот најголем сојузник за тоа. Тие односи не можат да се темелат на тоа некој постојано да кимнува со главата и да се обидува да добие нешто со методот на ласкање. Бидејќи тоа не функционира“, рече Туск утрово пред да замине на неформалниот самит на Европската Унија.
Пристапувањето на Полска во Советот за мир на Трамп беше една од главните теми на Советот за национална безбедност на Полска вчера, каде што претседателот Карол Навроцки, кој е идеолошки близок до движењето MAGA, ја критикуваше владата за одбивање на поканата испратена од најважниот сојузник на Полска.
„Полска е верен, лојален, доверлив, предвидлив сојузник на САД и никој не треба да ме убедува во тоа. Тоа е надвор од дискусија. Секој што ги загрозува тие односи ги поткопува темелите на полската безбедност. Но, Полска во тој сојуз, барем додека сум премиер, нема да биде вазал. Лојален, доверлив, верен сојузник, но не и вазал“, рече денес Туск.
Премиерот додаде дека забележал оти понизноста кон САД не им користи на подлизурковците, а одбивањето на владата да ѝ дозволи на Полска да се приклучи на Мировниот совет, што е контроверзно за многу други земји, го нарече „претпазлив пристап“.
„Можеби околностите ќе се променат. Многу земји што се важни за нас имаат слични или други сомнежи, ние сме во добро друштво. Отворени сме за предлози, но тие мора да бидат безбедни за нашата земја и искрени“, рече Туск.
За време на шестчасовната седница, Националниот совет за безбедност ја разгледа новата европска програма за набавка на оружје и модернизација на воената индустрија – SAFE, каде што на Полска ѝ беа доделени дури 44 милијарди евра меки заеми.
Опозицијата и претседателот се вознемирени од фактот што програмата SAFE не предвидува купување американско оружје, додека премиерот Туск предупреди дека за време на владеењето на сега опозициската конзервативна партија „Право и правда“, која сега лобира за американско оружје, само една четвртина од расходите оделе во домашната полска воена индустрија, додека во владините проекти на Туск финансирани од програмата SAFE, 80 проценти од средствата ќе одат во полската воена индустрија и набавка на оружје.
Регион
„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш
„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, објави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Таа го кажа ова во интервју за телевизијата Н1.
На прашањето што конкретно може да направи Европската Унија (ЕУ) за да му помогне на регионот, како и на изјавата на новинарката на Н1 дека парите и предупредувањата не се доволни, дека може да се види дека ЕУ ја губи информациската војна во регионот, особено во Србија, а делумно и во Босна, и дека дипломатскиот јазик не помага, Кос рече дека не прифаќа „критики дека не сме успешни во проширувањето“.
„Две од четирите водечки земји се од Западен Балкан. Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, а Албанија е следна. Ова е успех. Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина, а тоа ќе донесе нова реалност во Европа. Ако го забрзаме процесот, ќе ги разгледаме сите кандидати, но мора да има јасна посветеност. Не е доволно само да се хармонизира законодавството, треба да ја почувствувам и видам политичката волја. Процесот на пристапување не е само технички, туку зависи и од земјите-членки“, рече Кос.
На прашањето што мисли за идејата сите земји-кандидатки да влезат во ЕУ одеднаш, Кос рече: „Да можев, би сакала сите земји, особено од Западен Балкан, да влезат заедно“.
„Но, јас не сум магионичар. Ако има промени, внимателно ќе ја разгледаме секоја земја. Проширувањето мора да ја направи ЕУ посилна, а не послаба. Ова е цел што мора да ја постигнеме заедно“, рече Кос.
Свет
Фон дер Лајен го објави планот „Една Европа, еден пазар“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека на следниот формален самит на Европската унија (ЕУ) во март, ќе го претстави акциониот план „Една Европа, еден пазар“, со детални рокови и цели за зајакнување и обединување на европската економија, додека во исто време оцени дека Европскиот систем за трговија со емисии (ETS) има јасни предности и механизми за контрола на цената на јаглеродот.
Според Јуроњуз, Фон дер Лајен на прес-конференцијата по самитот на лидерите на ЕУ изјави дека акциониот план содржи пет клучни области – административно поедноставување, единствен пазар, енергија, дигитализација и трговија.
Во март, комисијата ќе претстави детален план за понатамошен развој на единствениот пазар од 450 милиони потрошувачи, вклучително и унија на пазарот на капитал што би овозможила попродуктивно користење на околу 10 трилиони евра заштеди што моментално се наоѓаат на банкарски сметки, објави Ројтерс.
Зборувајќи за ETS, претседателката на ЕК нагласи дека системот има елементи што овозможуваат модулација на цената на јаглеродот во случај на негов прекумерен раст или неповолни економски околности, преку таканаречената „резерва за стабилност на пазарот“.
Додаде дека ЕУ детално ќе ги разгледа овие елементи во рамките на планираниот преглед на ETS, кој е закажан за третиот квартал од оваа година, за системот да остане ефикасен и прилагодлив на актуелните економски и климатски предизвици.
Европските лидери се состанаа денес на неформален самит во белгиската покраина Лимбург, а фокусот на разговорот беше конкурентноста на европската економија, пренесува Танјуг. Еден ден претходно, на индустрискиот самит во Антверпен, претставниците на европската индустрија ги презентираа своите приоритети пред највисоките претставници на ЕУ, барајќи пониски цени на енергијата, намалување на регулаторните оптоварувања и посилна конкурентност во споредба со Кина и Соединетите Американски Држави.

