Свет
Израел сам ќе си ја испитува легалноста на нападот врз хуманитарната фллотила
Израел планира да состави истражувачки тим кој ќе ја истражува законитоста на поморската блокада на Појасот Газа и на смртоносниот напад на флотилата која се обидуваше да ја пробие блокадата, јавува АFP
„Комитетот кој ќе биде формиран ќе истражува две прашања: дали поморската блокада е во согласнот со меѓународното право и дали нападот што го изведовме врз флотилата е исто така во согласност со меѓународното право?“, изјави министерот во изралеската влада без ресор, Бени Бегин. Тој пред новинарите инсистираше дека блокадата не само што е оправдана, туку е и од витално значење, затоа што лидерите на Хамас, кои ја контролираат Газа, како и некои од активстите во флотилата, не се светци.Израел за оваа иницијатива е во постојана координација со Вашингтон, во надеж да ја добие поддршката на САД за тимот составен од израелски правници, поранешни дипломати и од двајца странски набљудувачи.Израел, исто така, ангажирал и тим составен од генерали во резерва за да ја анализираат акцијата на израелските командоси, а извештајиот мора да го достават најдоцна до 4 јули. Министерот за одбрана на Израел, Ехуд Барак, призна дека насилството на бродот „Мави Мармара“, во кое загинаа девете турски државјани, „не е резултатот што Израел го посакувал“, но истакна дека земјата мора да презема исклучителни мерки за да се заштити себе си. „Ова не ниту Канада, ниту Финска“, рече тој и посочи дека израел е под закана и од палчестинското исламистичко движење Хамас во Газа и од Хезболах во соседниот Либан, како и од Иран. Тој уште еднаш потврди дека земјата нема намера да ги стави војниците кои учествуваа во операцијата на располагање за какфво и да било испрашување, ниту на англиски, ниту хебрејски јазик.
Турција, од своја страна, бесна поради смртта на своите државјани, од кои едниот имал и американско државјанство, инсистира дека нормализациијата на односите со Израел е невозможна доколку Тел Авив не прифати меѓународна истрага на инцидентот. Шефот на турската дипломатија во Истанбул изјави дека ако Израел продолжи да ги итфрла повиците за межународна истрага, тоа ќе значи дека „постојат одредени факти кои тие сакаат да ги сокријат“.
Во меѓувреме, потпретседателот на САД, Џозеф бајден, изјави дека САД планираат да предложат нов пристап кон блокадата на Појасот Газа, кој наскоро ќе биде претставен пред меѓународната јавност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија: Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија
Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за време на посетата на Прага, додека Унгарија сигнализираше дека нема да поддржи заедничка изјава на ЕУ за ова прашање.
„Сметаме дека ова е билатерално прашање кое може да се реши преку разговори меѓу двете страни… Не мислам дека е прашање на ЕУ“, рече Сијарто откако американскиот претседател Доналд Трамп ги засили напорите да го преземе суверенитетот над Гренланд од членката на НАТО Данска.
Претходно, Трамп рече дека безбедносните причини се клучни за неговата желба да ја преземе контролата врз Гренланд, сугерирајќи дека Русија и Кина би можеле да ја преземат контролата врз Арктикот ако Вашингтон не го стори тоа.
Заканата на Трамп да воведе царини за осум европски земји доколку не го поддржат неговиот план за купување на Гренланд предизвика шокови.
Тој објави дека ќе воведе царина од 10 проценти за увоз во Соединетите Држави на 1 февруари, која ќе се зголеми на 25 проценти од летото доколку не се постигне договор. Не е јасно дали царините ќе бидат дополнителни на постојните давачки.
Франција и Германија, кои се дел од група од осум земји во која се и Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија и Финска, изјавија дека ЕУ треба да биде подготвена да одговори доколку Трамп ги спроведе најавените мерки.
фото/ Depositphotos
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа
Свет
Кремљ за Трамп: Преземањето на Гренланд би ја променило светската историја
Кремљ изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе направи историја ако ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија, а специјалниот претставник на претседателот Владимир Путин, Кирил Дмитриев, го поздрави „распаѓањето на трансатлантската унија“.
„Постојат меѓународни експерти кои веруваат дека со решавање на прашањето за вклучување на Гренланд, Трамп сигурно ќе влезе во историјата. И не само во историјата на Соединетите Американски Држави, туку и во светската историја“, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Сергеј Марков, поранешен советник во Кремљ, рече дека Москва треба да му помогне на Трамп да ги оствари своите амбиции „бидејќи речиси сите непријатели на Трамп се и непријатели на Русија“, изјави тој за „Росијскаја газета“, официјалниот весник на руската влада.
Но, и покрај задоволството на Москва, потезите на Трамп би можеле да влијаат на нејзините амбиции во Арктикот, кој е богат со природни ресурси и кој Русија го смета за стратешки важен.
„А Русија може да има своја сфера на влијание само преку сила“, заклучи Марков.

