Свет
Русинка убила 20 пензионерки
Уапсена е Русинка за убиства на дваесет пензионерки во регионот Свердловск на Урал, информираше Валериј Горијелих од регионалната полиција, пренесува Итар-тас
Според истражителите триесет и деветгодишната русинка – убиец ќе биде обвинета за серија убиства извршени помеѓу 2003 и 2010 година а жртвите воглавно биле постари жени.Убиецот секогаш користела ист метод и најпрвин се трудела да се запознае со жртвите и да ја добие нивната доверба за потоа да ги убие во нивните домови крадејќи пари и вредни предмети.Русинката е уапсена во склоп на специјалната полициска операција изведена во Краснауфимск.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата Франциско ги осуди злоставувањето и злоупотребата на децата
Папата Франциско денеска во своето неделно обраќање ги осуди луѓето кои злоставуваат деца и оние кои на кој било начин се соучесници во злоупотребата на малолетници.
„Бараме благодат повторно да го откриеме важното место кое секое дете го зазема во Божјото срце, за никој да не биде соучесник во злоупотребите што се вршат врз него, но и жестоко да ги осудиме“, рече папата Фрањо, објави АНСА.
Тој рече дека „децата заземаат привилегирано место во Божјото срце“ и дека секој што ќе им наштети „ќе мора да одговара за тоа пред Бога“.
Регион
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација“, рече грчкиот министер за здравство по потврдата за првиот случај на метапневмовирус во Грција
Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран.
Според грчките медиуми, човекот се заразил од ќерка му, која била во Кина на одмор.
Министерот за здравство Адонис Георгијадис во интервју за грчките медиуми, по објавувањето на првиот случај на метапневмонија во Солун, рече дека повозрасниот маж е хоспитализиран во болница во Солун.
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација на вирусот бидејќи има карактеристика лесно да мутира и сакаме да видиме дали има некои поопасни карактеристики“.
„Го чекаме детаљниот преглед, кој го побаравме“, нагласи Адонис Георгијадис.
Тој категорично посочи дека „во овој момент нема особена причина за загриженост за вирусот ниту за Грција ниту за Европа“.
„Метапневмовирусот не е нешто ново, како што беше ковидот во 2019 година кога почна од Кина. Станува збор за познат вирус, кој напаѓа луѓе што со нарушено здравје или мали деца, кои сè уште немаат развиено имунитет“, објасни Георгијадис.
Свет
Исчезнат планинар е пронајден во Австралија по 13 дена потрага
Хади Назари, 23-годишен студент по медицина, беше пронајден жив откога исчезна пред 13 дена, на 26 декември минатата година, додека планинарел во австралискиот национален парк „Кошчиушко“.
Се разделил од своите пријатели за да го фотографира пејзажот, но се изгубил во регионот на Снежните Планини.
Потрагата, во која учествуваа стотици волонтери, меѓу кои и пријателите и семејството на исчезнатиот студент, траеше речиси две недели. Го спасиле група планинари, кои го пронашле денеска во близина на Синото Езеро, на 10-ина километри од кампот, каде што требало да се сретне со своите пријатели.
Според началникот Ендрју Сплит, Назари бил дехидриран, но бил свесен и не бил сериозно повреден. Брзата помош веднаш со хеликоптер го пренела во болница на дополнителен преглед.
Назари преживеал на две житни плочки пронајдени во планинска колиба, бобинки и вода од поток. Сплит ги пофали неговата снаодливост и упорност и истакна дека поминал значително растојание во тешки услови.
Неговото семејство, видно трогнато, рече дека ова е најсреќниот ден во нивниот живот. Спасувачката операција заврши успешно и покрај предизвикувачките временски услови. Полицијата ќе разговара со Назарио кога тој ќе заврши со закрепнувањето во болница за да ги разјасни сите околности на неговото исчезнување.