Свет
Израел со вето против меѓународна осуда

Израел стави вето на декларацијата на меѓународниот самит со која се осудува нападот на израелските командоњси врз хуманитарната флотила, а Турција оддржа засебна прес-конференција на која го осуди Израел, пренесува Xinhua
Самитот, трет по ред, на Конференцијата за интеракција и мерки за градење на довербата во Азија (ЦИЦА), започна во вторникот во Истанбул и на него учествуваат престедатели и високи функционери од околу 40 држави.„Сите членки, освен една, ја изразија својата длабока загриженост и осуда на дејствијата преземени од страна на израелските одбранбени сили против меѓународната цивилна флотила која превезуваше хуманитарна помош за Појасот Газа“, рече турскиот претседател Абдула Ѓул. Тој изјавата ја даде на засебна прес-конференција, кратко по завршувањетоо на самитот на ЦИЦА. Конечните декларации кои излегуваат од самитите на ЦИЦА мо0жат да бидат усвоени само со консензус, а Израел е единствената од 22-те членки која стави вето на осудата.„Ова покажува дека Израел се изолираше себе си од останатите 21 земја“, рече Ѓул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Франција почна со достава на хуманитарна помош од воздух во Газа

Франција започна да испушта 40 тони хуманитарна помош од воздух во Газа, повикувајќи го Израел да дозволи целосен пристап до областа.
„Соочени со апсолутна итност, штотуку спроведовме операција на испуштање хуманитарна помош од воздух во Газа. Благодарност до нашите јордански, емиратски и германски партнери за нивната поддршка и до нашиот воен персонал за нивната посветеност“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на социјалната платформа X.
„Испуштањето хуманитарна помош од воздух не е доволно. Израел мора да дозволи целосен хуманитарен пристап за да се намали ризикот од глад“, додаде тој.
Италија, пак, има намера да евакуира болни палестински деца од Појасот Газа за да им обезбеди медицинска помош, изјави министерот за надворешни работи Антонио Тајани.
Тајани рече дека Рим подготвува план за воздушен транспорт на 50 лица, вклучувајќи возрасни кои ќе ги придружуваат децата.
Тој, исто така, објави планови според кои Италија ќе им се придружи на земјите што доставија помош од воздух во Газа, но не прецизираше конкретен датум за нивно спроведување.
Авиони управувани од Израел, Јордан и Обединетите Арапски Емирати од неделата, кога Израел почна да дозволува повеќе помош во затворените територии по месеци речиси целосна блокада, испуштаат палети со хуманитарна помош од воздух.
Германија и Франција, исто така, денесја почнаа да испуштаат помош од воздух, поради предупредувањата за претстојниот глад во Газа, иако Обединетите нации и другите агенции за помош ги критикуваа таквите мерки како во голема мера симболични, тврдејќи дека е многу поевтино и поефикасно да се достави помош по копно.
Покрај тоа што дозволува испуштања од воздух, Израел, исто така, дозволи влез на 200 камиони дневно од ОН и други агенции од неделата.
Фото: ЕПА
Свет
Путин: Првиот сериски ракетен систем „Орешник“ е во рацете на армијата

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првиот сериски произведен ракетен систем со среден дострел, „Орешник“, заедно со првата ракета од оваа серија, официјално е доставен до руските вооружени сили. Станува збор за нов стратешки систем што Москва го претставува како одговор на сè поизразените закани од Западот.
„Го произведовме првиот сериски комплекс ‘Орешник’, првата сериска ракета, и таа веќе е во рацете на армијата“, рече Путин за време на состанокот со белорускиот претседател Александар Лукашенко додавајќи дека се очекува постепено проширување на овој систем, вклучително и распоредување во Белорусија во текот на 2025 година.
Употребата на „Орешник“ првпат беше откриена на 21 ноември 2024 година кога Русија изврши напад врз воениот објект Јужмаш во Днепар (поранешен Днепропетровск) како одговор на нападите на украинските сили со американски ракети ATACMS и британски ракети Storm Shadow. Путин потоа истакна дека ниеден современ противвоздушен систем не може да пресретне ваков тип ракета и најави дека во иднина населението ќе биде однапред информирано за евакуација.
Според достапните информации, „Орешник“ е хиперсоничен ракетен систем со можност за носење повеќе независно водени бојни глави (MIRV), базиран на технологиите на претходниот систем RS-26 „Рубеж“. Ракетата достигнува брзина над 10 маха, што ја прави речиси невидлива од повеќето постојни системи за воздушна одбрана.
Додека официјална Москва истакнува дека станува збор за оружје што ги гарантира безбедноста и територијалниот интегритет на Русија, воените аналитичари истакнуваат дека системот не е наменет за прецизни удари врз тактички цели, туку првенствено има улога на стратешко одвраќање и демонстрација на сила. Сепак, симболичната и психолошката вредност на системот, особено во контекст на сегашните геополитички тензии, останува значајна.
Масовното производство на комплексот „Орешник“ треба да се забрза во текот на 2025 и 2026 година, а најавено е дека значителен број единици ќе бидат оперативно распоредени и во Русија и на територијата на сојузничката Белорусија, според написите во медиумите.
Фото: принтскрин
Свет
Рубио за Путин: Трамп нема да чека вечно

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го губи трпението со рускиот претседател Владимир Путин во врска со завршувањето на војната во Украина.
„Она што најмногу го мачи претседателот се овие одлични телефонски разговори, каде што сите велат, знаете, би сакале да завршиме со ова и да најдеме начин да продолжиме напред. Потоа тој ги вклучува вестите и гледа како уште еден град е бомбардиран“, изјави Рубио за „Фокс њуз“.
Тој додаде дека САД истражуваат нови начини за постигнување напредок во мировните преговори, но предупреди дека трпението на Трамп истекува.
„Досега, барем како што го перципираме, немаше искрен интерес од руска страна за постигнување на оваа цел. Но, очигледно е дека претседателот нема да чека вечно“, заклучи Рубио.
Во вторникот Трамп му даде на Путин 10 дена да се согласи на договор за прекин на огнот или ќе се соочи со нови, сурови санкции.
Фото: принтскрин