Свет
Стратфор: Русија, САД и санкциите врз Иран
Советот за безбеност на Обединетите нации на 9 јуни гласаше за воведување на четвртата рунда санкции против Иран поради неговата тековна нуклеарна програма, но компромисите ги направија целосно „беззаби“
Санкциите вклучуваат забрана за продажба на „тешко“ вооружување, ги ограничуваат транскациите кои можат да се поврзат со нуклеарните активности и додава нови ирански фирми на постоечката црна листа. Две нешта кои треба да се истакнат во врска со санкциите се: прво, дека по години натегање, Вашингтон конечно успеа да ги наметне санкциите, и второ, дека за да се постигне тоа, САД мораа да ги отстранат и оние малку „заби“ што првичниот предлог ги содржеше. Во смисла на празните меѓународни постигнувања, новите санкции се многу налик на предлогот постигнат од страна на Турција и Бразил (не случајно, тоа беа единствените две држави кои гласаа против санкциите) за „размена на горивото“. Тој „договор“ не содржеше ништо што би ја ублажило загриженоста на межународната заедница за иранските активности за збогатување на ураниумот и не успеа да извлече битни концесии од Техеран. Сепак и двета се несомнено значајни настани. Турскиот договор беше употребен, и не само од страна на Техеран, туку и од Анкара и од Бразилија и од другите кои им се спротивставија на санкциите како аргумент дека Иран има волја да постигне компромис и да преговара. Одамна стана јасно дека САД не сакаат да ризикуваат неефективен воен удар врз нуклеарните инсталации на Иран, кога иранската одмазда ќе значи предизвикување на дестабилизација на и онака застрашувачки кршливата ситуација во Ирак и обид да се затвори теснецот Хормуз, што е сериозна закана за се’ уште нестабилното економско заздравување. Така, во долгата сага на иранската нуклеарна програма, турскиот предлог само уште повеќе ја поттикна самоувереноста на Иран во силата на своите преговарачки позиции. Две држави кои секако не му се израдуваа многу на договорот од 17 мај беа Русија (која барем декларативно ја поддржуваше „размената на гориво“) и Кина, двете кочничарки кои со години ги попречуваа американските напори да се воведат санкции. Напротив, веќе наредниот ден, на 18 јунни, американската државна секретарка Хилари Клинтон и соопшти на Комисијата за надворешни работи на сенатот на САД дека администрацијата ја обезбедила поддршката на Русија и на Кина за предлог-резолуцијата за нови санкции врз Иран, која беше усвоена во средата. Што се промени и зошто е тоа толку битно? иако беа постигнати одредени концесии, сепак се’ се сведува на фактот дека на Кина и’ беше лесно да ги одбегнува санкциите се’ додека Русија не беше во игра. Но, Кина (која сака да биде доживеана како „одговорна меѓународна сила“) никогаш немала некоја вистинска „тежина“ во иран, барем не колку што има Русија. Така, со „беззабите“ санкции кои не преставуваат закана за нафтата (и оттаму не ги засегаат кинеските деловни интереси), Кина ќе имаше многу мала корист ако останеше единствената држава со право на вето во СБ која им се противи на санкциите. Во Москва, пак, договорот е дел од една многу покомплицирана шема. Наспроти напорите во изминативе неколку години да се консолидира во сферата на поранешниот Советски Сојуз, при што го поврати влијанието врз држави како што се Украина, Белорусија, Казахстан и Киргистан и окупира делови од Грузија, Русија се подготвува да ја сврти својата надворешнополитичка позиција со цел да стане малку попрагматична. Ова не значи дека Русија прифаќа прозападна надворешна политика. Токму напротив, Русија се подготвува за силен почеток на својата програма за модернизација и ќе и’ биде потребен западот за да успее во тоа. Така, кога првиот вице-премиер на Русија Сергеј Иванов дојде во Вашинготн во мај, тој на Клинтон, секретарот за одбрана Роберт Гејтс и на Советникот за национална безбедност Џим Џоунс им предложи една зделка. Русија е подготвена да се приклучи кон воведувањето „меки“ санкции врз Иран, ако САД се вратат назад во руската економија. Но, Иванов најпрвин се осигура дека во санкциите се вметнати и параметрите кои и’ одговараат на Москва. Така, санкциите ја исклучуваат долго најавуваната набавка на стратешкиот противвоздушен одбранбен систем „С-300“ и долго ветуваното довршување на нуклеарниот реактор крај иранскиот град Бушер. Во суштина, Русија се’ уште има силно влијание врз Иран и неговите односи со САД и, едноставно, се’ уште не спремна да се откаже од тоа. И конечно, од руска перпсектива, Американците изгореа значителна количина на енергија и политички капитал за да постигнат беззаби санкции. Тоа што му дозволија на Вашингтон да ги истурка санкциите, само направи Американците да испаднат многу глупави во очите на Русите. Но, „беззабоста“ на какви и да било санкции на ОН против Иран одамна беше очигледна, дури и за Вашингтон. Она што Вашингтон успеа да го постигне е да ја натера Русија да се приклучи, со што и да е – а ова не мина незабележано во Техеран. Кога стана јасно како Русија и Кина ќе гласаат во Советот за безбедност, дури и пред да гласаат, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад соопшти дека тој, всушност, нема да учествува на средбата на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, осило наменето и за рускиот премиер Владимир Путин и за кинесккиот претседател Ху Џинтао. Како и договорот од 17 мај, санкциите сами по себе не претставуваат фундаментално поместување. Но, тие важен лагер во тековната сага за иранското нуклеарно прашање и не се сосема без вредност, во смисла на релативните преговарачки позиции. Иран ги задржува своите адути преки неговите послушници во регионот (иако растечката моќ на Турција во регионот може да значи заслабување на иранските капацитети да ги користи) и потенцијалната контрола врз теснецот Хомуз, но техеран долго време сметаше на заштитата од Москва. Русија не прифати ништо што може навистина да му наштети на Иран (а до сега Иран се покажа како многу вешт во избегнувањето на санкциите), но Техеран сега е присилен да ја земе предвид опцијата за тоа на што се’ може Москва да се согласи, во замена за работи кои навистина и’ се битни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фински политичар предупредува на опасна стратегија на НАТО пактот
Масовното вооружување на Украина од страна на земјите-членки на пактот на НАТО нема да доведе до крај на конфликтот со Руската Федерација, изјави финскиот политичар Армандо Мема во објава на социјалната мрежа Икс.
Мема изјави дека планот за претворање на Украина во „највооружена земја“ продолжува, со проценка дека во такви околности мир нема да се постигне во догледна иднина. Според него, Северноатлантската алијанса ја продолжува иницијативата за ограничување на Русија, додека, како што тврди, ја трансформира поранешната советска република во силна воена сила.
Тој заклучи дека за да се промени таквиот курс, притисокот на Соединетите Американски Држави врз европските сојузници е неопходен, со цел, како што верува, да се преиспита стратегијата за понатамошно воено зајакнување на Киев.
Во меѓувреме, британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави во четвртокот дека земјите од контакт групата за Украина, во рамките на таканаречениот формат Рамштајн, постигнале договор за дополнителна финансиска поддршка на Киев.
Според него, сојузниците се согласиле да издвојат уште 35 милијарди долари за Украина, со што ќе продолжат со политиката на снабдување и финансирање на украинските одбранбени капацитети во услови на продолжен конфликт.
Свет
„Политико“: Западните земји сè повеќе веруваат дека светот се движи кон глобална војна
Западните земји сè повеќе веруваат дека светот се движи кон глобална војна, според анкетата на „Политико“, во која се детално опишани растечката загриженост на јавноста за ризиците и трошоците од новата ера на конфликти.
Во сите пет анкетирани земји – САД, Канада, Велика Британија, Франција и Германија – огромното мнозинство испитаници веруваат дека светот станува сè поопасен. Американските, канадските, француските и британските испитаници веруваат дека избувнувањето на Третата светска војна во следните пет години е се поверојатно.
Уделот на гласачите кои предвидуваат нов глобален конфликт нагло се зголеми откако независните анкетари „Паблик Фирст“ го поставија прашањето во март 2025 година. „Променливите ставови на западната јавност за помалку од една година одразуваат драматичен пресврт кон понесигурен свет, каде што војната се смета за веројатна, а сојузите нестабилни“, рече Себ Рајд, раководител на анкетите во „Паблик Фирст“.
Но, анкетата на „Политико“, исто така, откри ограничена подготвеност кај западната јавност да направи жртви за да плати за повисоки воени трошоци. Иако во принцип постои широка поддршка за зголемување на буџетите за одбрана во Велика Британија, Франција, Германија и Канада, таа поддршка нагло опадна кога луѓето дознаа дека тоа може да значи преземање поголем национален долг, намалување на други услуги или зголемување на даноците.
„Нашите анкети покажуваат дека растечката загриженост за војната не им дава дозвола на лидерите да трошат многу за одбрана“, рече Рајд. „Ако ништо друго, гласачите сега се помалку подготвени да направат компромиси потребни за подобрување на воената безбедност. Така, европските лидери се оставени во нестабилна ситуација – не можат да се потпрат на САД, не можат да го користат тоа како причина за инвестирање во земјата и се под поголем притисок итно да го решат ова за свет каде што конфликтот изгледа поблизок отколку порано.“
Наодите, врз основа на анкети на повеќе од 2.000 гласачи во секоја земја помеѓу 6 и 9 февруари, го откриваат предизвикот со кој се соочуваат лидерите на НАТО додека се обидуваат да ја зајакнат безбедноста во време кога јавните финансии се затегнати, пишува „Политико“.
Таа борба ќе ги обликува дискусиите меѓу политичарите од целиот свет додека патуваат во Германија за годишната Минхенска безбедносна конференција, која започнува во петок.
Без знаци за непосреден крај на четиригодишната тотална војна на Русија против Украина и без воена акција на САД во Иран, Сирија, Венецуела и Африка под водство на претседателот Доналд Трамп, многу гласачи гледаат растечки ризик од глобален конфликт.
Овој модел е особено очигледен во Обединетото Кралство, каде што 43 проценти веруваат дека нова светска војна е „веројатна“ или „многу веројатна“ да избувне до 2031 година – во споредба со 30 проценти во март 2025 година. Речиси половина од Американците – 46 проценти – веруваат дека нова светска војна е „веројатна“ или „многу веројатна“ до 2031 година – во споредба со 38 проценти минатата година. Меѓу петте земји, само луѓето во Германија мислат дека трета глобална војна е малку веројатна во следните пет години.
Русија се смета за најголема закана за мирот во Европа, додека Канаѓаните ја гледаат Америка на Трамп како најголема безбедносна закана. Во Франција, Германија и Велика Британија, како втора најголема закана се сметаат САД, кои испитаниците ги наведуваат многу почесто отколку Кина.
Мнозинството гласачи во Франција, Германија, Велика Британија и Канада рекоа дека нивната земја треба да троши повеќе за одбрана, а овој став е најсилен во Велика Британија и Канада.
Свет
Ново пукање на американските кампуси: Две лица убиени во Јужна Каролина
Две лица беа убиени, а едно беше рането во пукање во студентскиот дом на Државниот универзитет во Јужна Каролина доцна вчера, што доведе до итно блокирање на кампусот. Инцидентот, според соопштението објавено на Фејсбук страницата на универзитетот, се случил околу 21:15 часот по локално време во студентскиот дом „Хуџин Свитс“, објави Ројтерс.
Достапни се малку официјални информации за околностите на нападот и не е познато дали напаѓачот е сè уште на слобода.
„Универзитетските претставници сè уште не го потврдија идентитетот на жртвите или состојбата на повреденото лице“, се вели во соопштението.
Лице кое се јавило на телефон во канцеларијата за јавна безбедност на универзитетот во четврток вечерта изјавило дека немало овластување да дава никакви информации за инцидентот.

