Свет
Стратфор: Аким се обидува да се прошири во Нигерија
Иако Аким е докажано активна во Нигер и во Мали, веднаш преку границата од главната упориште на „бока харам“, овие активности во поголем дел му се припишуваат на племињата Туарег, кои живеат во овој регион
Лидерот на Ал Каеда во исламски Магреб(Аким), Абу Мусаб Абд ал-Вадуд на 14 јуни за катарската телевизија Ал Џезеира изјави дека неговата група преговара со нигеријското исламистичко движење „боко харам“ во врска со намерите на Аким да го снабдува движењето со оружје, со цел да го оспособи „да ги брани муслиманите во Нигерија и да го сопре напредокот на малцинството крстоносци“. Тој истакна дека Ал Каеда има интерес во субсахарска Африка поради нејзината „стратешка длабочина, што на Ал Каеда поголем маневарски простор““.Иако седиштето на Аким е првенствено во Алжир и ги фокусира нападите на силите за безбедност распоредени околу престолнината, Ал-вадуд и претходно даваше изјави со кои сито така го промовираше ширењето на Ал Каеда во Западна Африка.По воениот удар во Мавританија во август 2006 година, лидерот на Аким упати повик за оружен бунт на кој речиси никој не се одѕва. Мавританија си го доби својот дел од насилството,но Ал Каеда, главно, не успеа да ги развие своите активности во земјата и покрај очигледниот интерес. Нигерија постојано е под закана од исламистите, но транснационалните џихадисти сито така не успеаја да создадат поширока база во земјата. Нигеријскиот државјанин Умар Фарук Абдулмуталаб, уапсен во декември 2009 година при обидот да активира запалива направа во патнички авион е поврзан со огранокот на Ал Каеда во Јемен, која нема директни врски со Аким. Американската и другите амбасади во Нигерија повремено испраќаат соопштенија за закани кон дипломатските претставништва од страна на транснационалните џихадисти.
Во јуни 2005 година, амбасадите на САД и на Британија во Абуџа беа затворени по закана од џихадистите, а во март 2010 година, американската амбасада го подигна нивото на безбедност како одговор на закана кон американските државјани во земјата. Овие предупредувања покажуваат дека во Нигерија има џихадисти, но таквата активност се уште не успеала да произведе успешен напад во земјата.Згора на тоа и самата „боко харам“ се бори да преживее. Летото 2009 година групата, која исто така се нарекува и „талибани“, иако нема никаква врска со талибаните од југозападна Азија, се обиде да го воведе шеријатот во североисточна Нигерија, со што поттикна секташки насилства во кои загинаа 700 луѓе. Во реакцијата на нигеријската армија која следеше беше убиен и лидерот на „боко харам“, Мохамед Јусуф. Десетици членови на „боко харам“ беа уапсени во неделите по смртта на јусуф и насилства набргу беа угушени. Иако секташките насилства и натаму спорадично продолжуваат во Северна Нигерија, тие се повеќе поврзани со други тековни проблеми,а не со „бока харам“.Иако Аким е докажано активна во Нигер и во Мали, веднаш преку границата од главната упориште на „бока харам“, овие активности во поголем дел му се припишуваат на племињата Туарег, кои живеат во овој регион. Овие племиња ги грабаат странците во Северен Нигер и му ги испраќаат на Аким, кои потоа ги користат за добивање на откуп или како средство за пазарење со алжирската влада, во замена за уапсени членови на Аким: засега не е познато дека има врски помеѓу туарезите и „бока харам“. Исто така до сега не било забележано присуство на туарезите во Североисточна Нигерија, со што Аким би бил во можност во тој регион да го стори истото што го прави во другите делови на Западна Африка. Исто така, „боко харам“ до сега никогаш не се занимавал со киднапирање за пари и нема исти цели како Аким и Туарезите.Скокот од туарезите кон „боко харам“ не би бил природен за Аким и дури и ако успеале да ги здружат силите, останува нејасно што би можела да стори „боко харам“ по ударот кој и го нанесе армијата во 2009 година. Оттаму, изјавата на Ал-Вадуд од 14 јуни е многу поверојатно пуста желба и реторичка закана, отколку вистинска опасност..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Португалија планира забрана за социјални мрежи за деца под 16 години
Португалија планира да воведе забрана за користење социјални мрежи за деца помлади од 16 години, според предлог-закон поднесен во парламентот по примерот на Австралија и Франција. Со законот се воведува таканаречена „дигитална полнолетност“ на 16 години.
За тинејџерите од 13 до 16 години, пристапот до социјалните мрежи би бил дозволен само со согласност од родителите, а платформите би морале да воведат системи за проверка на возраста и родителско одобрување, усогласени со државниот софтвер.
Предлагачите наведуваат дека научните истражувања покажуваат дека раната употреба на социјални мрежи може негативно да влијае врз социјалниот и когнитивниот развој на децата и да поттикне зависност.
Предлогот е дел од поширок европски тренд за заштита на младите на интернет, откако Австралија воведе ваква забрана, а Франција неодамна изгласа ограничување за деца под 15 години. И други европски земји се залагаат за заедничко решение на ниво на ЕУ.
Свет
Иран изрази подготвеност за преговори со САД за нуклеарната програма
Иран изрази подготвеност за преговори со САД за нуклеарната програма, во време на зголемени воени тензии и засилено американско воено присуство во регионот, пишува Гардијан.
Иранскиот министер за надворешни работи Абaс Аракчи навести дека разговорите би можеле да започнат наскоро, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека со Иран се водат „сериозни разговори“.
Според иранската агенција Фарс, претседателот Масуд Пезешкијан дал налог да започнат нуклеарни преговори со САД. Американски и ирански изасланици би можеле да се сретнат во Истанбул, заедно со претставници од неколку арапски и муслимански земји, со цел да се разговара за можен нов нуклеарен договор.
Разговорите доаѓаат по сериозни воени судири и напади врз ирански нуклеарни постројки минатата година, како и по стотици ракетни напади на Израел. САД во меѓувреме распоредија носачи на авиони, воени бродови и борбени авиони во регионот. Трамп бара нов договор со кој би се запрела продукцијата на високо збогатен ураниум.
Истовремено, во Иран расте загриженоста дека евентуален ограничен американски напад би можел да предизвика нов бран протести и дополнителна дестабилизација, додека регионалните актери се подготвуваат за можни сценарија на ескалација.
Свет
Епстин со години се обидувал да дојде до Путин, покажуваат новите документи
Во новообјавените документи на американското Министерство за правда, поврзани со случајот на Џефри Епстин, името на рускиот претседател Владимир Путин се споменува повеќе од 1.000 пати.
Документите содржат бројни електронски пораки во кои Џефри Епстин се распрашува за можноста за средба со Путин и се повикува на лица кои ги опишува како негови блиски контакти.
Во електронска порака од октомври 2010 година, испратена до лице чија адреса е сокриена, тој прашал: „Дали го имаше Путин на својот брод?“.
Подоцна истата година, при поднесување барање за руска виза, наводно напишал: „Дали треба да извадам виза? Имам пријател на Путин, дали него да го прашам?“. Во август 2011 година, на еден бизнисмен од Обединетите Арапски Емирати му напишал дека „Путин можеби доаѓа во САД. Попрво би го видел таму, така што Сочи е малку веројатно“.
Епстин во повеќе наврати му пишувал на Торбјорн Јагланд, тогашен генерален секретар на Советот на Европа и поранешен норвешки премиер, за можноста за средба со Путин. Така, во мај 2013 година му јавил дека Бил Гејтс ќе биде во Париз и додал: „Путин е добредојден да ни се придружи на вечера“.
Во јануари 2014 година го замолил Јагланд да „му објасни на Путин дека на Русија ѝ е потребна понапредна верзија на Биткоин“, а во јули 2015 година напишал дека „сè уште сака да се сретне со Путин и да разговара за економијата“. Во јуни 2018 година напишал дека би „сакал“ да го запознае Путин и понудил средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, наведувајќи дека претходно се среќавал со рускиот амбасадор при ОН, Виталиј Чуркин.
Во еден извештај на ФБИ од 2017 година, базиран на доверлив извор, Епстин е наведен како „финансиски советник“ на Путин и на други странски лидери.
Материјалите, кои опфаќаат милиони страници документи, фотографии и видеа, се дел од долготрајната истрага за криминалните активности на Епстин.

