Свет
Успешен референдум за новиот устав на Киргистан
Резултатите од повеќе од половината избирачки места покажале дека 89,7 отсто од Киргистанците кои излегле на референдумот во недела, објави централната изборна комисија на нејзините интернет страници
„Бројките говорат само за себе. Досега околу 90 отсто се ’за’ и десет отсто ’против’. Според вообичаеното, тој прв резултат веројатно ќе остане непроменет“, изјавил за Reuters, претседателот на изборната комисија, Акилбе Саријев.Според новиот устав привремената претседателка Роза Отумбаева која всушност е првата жена во историјата на Киргистан која има висока државна функција, ќе ја извршува претседателската функција до крајот на 2011г. Парламентарните избори ќе се одржуваат на секои пет години а претседателскиот мандат е биде ограничен на само еден мандат со шест години. Дописникот на РИА Новости повикувајќи се на податоци од кои ги дава државниот автоматизиран избирачки систем „Шајлоо“ на Централната изборна комисија. извести дека на референдумот излегле повеќе од 70 отсто од избирачите. Според изборниот закон доволно е 50 отсто плус еден глас од оние што излегле на референдумот да гласаат „за“.Така, во бројки Отумбаева за да остане претседател досега добила поддршка од 994 илјади избирачи од вкупно 1.922.000 гласачи кои излегле од околу 2,7 милиони кои имаат право на глас. Референдумот во недела се одржа на целата територија на Киргистан, вклучувајќи ги и јужните областите на Ош и Џалал-Абад каде до пред десетина дена се случија крвавите меѓуетнички судири меѓу Киргизите и Узбеците во кои загинаа официјално околу 300 лица а ранети се повеќе од две илјади со околу 400 илјади раселени.Вашингтон и Москва соопштија дека ќе поддржат силна влада во Киргистан која ќе спречи прелевање на нестабилност од другите држави на централна Азија, од подрачјето на границата со Авганистан во кој досега сите држави имаа авторитарни претседателски режими.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.