Контакт

Свет

Во САД уапсени десет руски шпиони

Објавено пред

Десет лица се уапсени во Америка под обвинение дека биле тајни агенти на руската влада кои имале цел да продрат во политичките кругови на американската влада и да испраќаат разузнавачки извештаи, соопшти во понеделникот доцна попладне Министерството за правда на САД

dobivaj vesti na viber

Осум лица биле уапсени уште во неделата за наводно спроведување на долгорочна задача на т.н. „длабоко прикривање“ во САД во името на Руската Федерација. Двете дополнително уапсени лица биле откриени во неделата за наводно учество во истата руска шпионска програма во САД, се нагласува во соопштението на американското Министерство за правда што го пренесуваат американските медиуми. Руските медиуми во понеделник доцна навечер детално го пренесуваат обвинението и соопштението на американското Министерство за правда, но нема официјална реакција на руските власти.

Обвиенти за шпионажа и перење пари

Според пишувањата, американската влада пресретнала порака од разузнавачката централа во Москва за двајца од обвинетите по име Ричард и Синтија Марфи од Монтклер во Њу Џерси.„Испратени сте во САД во долгорчна служба. Вашето образование, банкарските сметки, автомобили, куќите и слично, се’ и’ служи на една цел – да се исполни вашата мисија, односно да барате и да развивате односи во политичките кругови во САД и да испраќате разузнавачки извештаи“, наводно пишувало во пораката од Москва која е цитирана од медиумите во САД.Вкупно има 11 обвинети, од кои десет се уапсени, и тие се товарат за две одвоени кривини тужби – за заговор со цел да дејствуваа како агенти на Русија во САД, за што може да добијат казни до пет години затвор. Федералниот закон забранува поединци да делуваат како агенти на странски влади на територијата на САД без за тоа претходно да го известат американското Министерство за правда. Покрај првите обвиненија, девет од уапсените се товарат и за учество во заговор за перење пари, за што следува казна од 20 години затвор. Обвинетите Ричард и Синтија Марфи кои агентите на FBI ги уапсиле во нивниот стан во Монтклер во сојузната држава Њу Џерси, требало да бидат изведени пред судот во Менхетен. Пред истиот суд ќе бидат изведени и Вики Пелаез, Хуан Лазаро уапсени во Јонкерс во државата Њујорк, како и Ен Чемпен уапсена на Мехентен.Обвинетите Мајкл Зотоли, Патрисиа Милс, Михаил Семенко уапсени во Арлингтон во Вирџинија ќе бидат изведени пред Сојузниот суд во Александрија. Доналд Хауард Хитфилд и Трејси Ен Ли Фоли уапсени во Бостон ќе бидат изведени пред тамошниот сојузен суд, додека обвинетиот Кристофер Метсос ќе се брани од слобода, соопштило американското Министерство за правда.  За заговор за перење пари се обвинети сите, освен Чепмен и Семенко. Вмешани и руски дипломати во ЊујоркАпсењата дошле како резултат на повеќегодишна истрага за руската шпионска мрежа во САД што ја спроведувала FBI, државното обвинителство од јужниот њујоршки округ и службата за контрашпионажа, како и одделот за национална безбедност при Министерството за правда. За овие цели, според судските документи, шпионите добивале дипломи на универзитетите, да водат семеен живот, па дури и да имаат деца за да ги направат своите „животописи“ што поподобни…Во документите на обвинителството се тврди дека осомничените, на секој начин се обидувале да ја сокријат својата врска со Русија, но во неколку наврати биле видени при контакти со руски претставници. FBI тврди дека успеало да најде документи за суми за плати и за покривање на трошоците на обвинетите за шпионажа. Бирото тврди и дека има и видеозаписи од некои средби на уапсените со обвинетите.„Заговорниците користеле тајни методи на комуникација, како на пример стенографија и радиографија, односно заштитени информации запишани со таен код во посебни фајлови“, се наведува меѓу другото во документот од американското Министерство за правда што го пренесуваат и руските медиуми.Кај уапсените во Бостон биле запленети компјутери во кои наводно било откриено дека од нив се избришани некои датотеки. Според претпоставката на обвинителството, тоа биле, всушност, нацрт-документи префрлени во московскиот центар.„Во текот на една ваква средба, руски официјални претставници му дадоа на агентот Лазаро пари за неговата работа во полза на Русија“, стоело во извештајот на американското Федерално истражно биро (FBI). Исто така, кај уапсените биле најдени и лажни патни исправи за патувања во Русија и лажни идентитети. Од едно од тие патувања во Москва, Ричард Марфи, наводно, се вратил со сомнителен лаптоп кој потоа му го предал на Мајкл Зотоли за да може да комуницира со центарот во Москва.„Во јануари 2010 г. агенти од нациоаналната безбедност, постапувајќи во согласност со инструкциите, ја следеле Ен Чепмен,  во различни делови на градот Њујорк. Таа десетина пати во периодот меѓу јануари и јуни 2010 г. била забележана во непосредна близина на руски функционер кој е често гледан дека влегува во зградата на Руската мисија при ОН во Менхетен“, се наведува во судските списи за овој случај, при што се забележува дека тие одржувале тајна комуникација преку приватна безжична мрежа.Русите не коментираатПостојаната мисија на Русија во Обединетите нации не го коментира соопштението на Министерството за правда на САД за апсењето на 11 осомничени за шпионажа во полза на Русија, од кои некои, според обвинителството, биле во контакт со претставниците на Руската мисија во ОН во Менхетен, изјавил за РИА Новости претставник на Руската Федерација при ОН во понеделникот навечер.„Не можеме да го коментираме ова соопштение. Немаме информации за овој случај“, изјавиле до постојаната Мисија на Русија во ОН.Во обвинителните документи на американското Министерство за правда се споменуваат „руски владини претставници“, кои „често биле забележувани надвор од зградата на Руската мисија во ОН на Менхетен“. Според визните податоци на FBI добиени од Стејт-департментот, било утврдено дека еден од нив е „вториот секретар на мисијата“, а друг е „третиот секретар на мисијата“, се наведува во споменатиот соопштение од американска страна.Според FBI, уште еден руски државен службеник бил идентификуван од страна на американски дипломат, како човек кој се претставил како член на персонал на руска амбасада во една јужноамериканска држава. Истргата на Федералното биро покажала дека контакти меѓу уапсените и руски владини претставници имало уште од 2004 г. до почетокот на 2010 г.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Германскиот претседател жестоко го нападна Трамп: „Тој го претвора светот во дувло на разбојници“

Објавено пред

Од

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро ја критикуваше надворешната политика на САД под претседателот Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што бескрупулозните земаат што сакаат.

dobivaj vesti na viber

Во невообичаено остра изјава, очигледно осврнувајќи се на дејствија како што е соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, германскиот претседател рече дека глобалната демократија никогаш не била позагрозена.

Нарекувајќи ја анексијата на Крим од страна на Русија и инвазијата на Украина пресвртница, Штајнмаер рече дека однесувањето на САД претставува уште еден историски „распад“ во глобалниот поредок.

„Потоа, тука е колапсот на вредностите на нашиот најважен партнер, САД, кои помогнаа во изградбата на овој светски поредок“, рече Штајнмаер во говорот на симпозиум што се одржа синоќа.ж

„Треба да спречиме светот да се претвори во дувло на разбојници, каде што најнескрупулозните земаат што сакаат, каде што регионите или цели земји се третираат како сопственост на неколку големи сили“, рече тој.

 

фото/ЕПА

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Француските земјоделци го блокираат Париз со трактори

Објавено пред

Француските земјоделци блокираа локации во Париз во знак на протест против сеопфатниот трговски договор што Европската Унија треба да го потпише со јужноамериканските земји и поради други локални прашања.

dobivaj vesti na viber

Земјоделците од синдикатот „Coordination Rurale“ ги нарекоа протестите во Париз лути поради договорот за слободна трговија меѓу Европската Унија и јужноамериканскиот блок Меркосур, за кој стравуваат дека би можел да ја преплави земјата со евтин увоз на храна, како и поради начинот на кој владата се справува со болеста на добитокот.

„Се наоѓаме помеѓу негодување и очај. Се чувствуваме напуштени, како и со Меркосур“, изјави за Ројтерс Стефан Пелетие, заменик-претседател на синдикатот во централна Франција.

Протестот доаѓа неколку дена откако Европската комисија предложи да им се стават на располагање на земјоделците 45 милијарди евра од фондовите на ЕУ и се согласи да ги намали увозните давачки за некои ѓубрива во обид да ги придобие земјите кои се двоумат во нивната поддршка за Меркосур.

Договорот е поддржан од земји како Германија и Шпанија, а Комисијата се чини дека ја добила поддршката од Италија, што значи дека ќе ги има потребните гласови за да го одобри трговскиот договор со или без француска поддршка.

Прикажи повеќе...

Свет

(Вознемирувачко видео) Имиграциски полицаец уби 37-годишна жена во Минеаполис, градоначалникот: Губете се од тука

Објавено пред

Американски агент за имиграција застрелал и убил 37-годишна жена во Минеаполис, предизвикувајќи жестока дебата откако локалните власти го отфрлија тврдењето на администрацијата на Трамп дека станува збор за самоодбрана. Додека Министерството за внатрешна безбедност вели дека Рене Никол Гуд била „насилна бунтовничка“ која се обидела да ги прегази агентите, градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, рече дека станува збор за „неодговорна употреба на сила“, објавува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил околу 10:25 часот по локално време во среда, а снимките објавени од минувачи покажуваат напната ситуација. На нив се гледа темноцрвен теренец како ја блокира улицата, а во близина има демонстранти и возила за спроведување на законот.

Агентите се приближуваат до возилото, а еден од нив се обидува да ја отвори вратата на возачот. Друг агент стои пред возилото, кое се обидува да тргне. Потоа агентот испукува три истрели. Возилото ја губи контролата и се судира со паркиран автомобил. Од достапните снимки не е јасно дали агентот всушност бил удрен од возилото.

Извештаите за тоа што довело до пукањето варираат во голема мера. Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, изјави дека жената „ги следела и вознемирувала“ полицајците во текот на целиот ден и се обидела да „го претвори своето возило во оружје“ во чин на „домашен тероризам“.

Таа рече дека агентот испукал „одбранбени истрели“ и самиот бил повреден, но бил пуштен од болница по лекувањето. Додаде дека истиот агент претходно бил удрен од автомобил додека бил на должност во јуни.

Од друга страна, градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, остро го осуди дејствието. „Ова беше агент кој небрежно ја искористи својата моќ, што резултираше со смрт на едно лице“, рече тој, проколнувајќи и наредувајќи им на агентите на Службата за имиграција и царина (ICE) да го напуштат градот.

Претседателот Доналд Трамп напиша на својот профил на социјалните мрежи „Вистина“ дека еден имиграциски полицаец бил „брутално“ прегазен. „Тешко е да се поверува дека е жив, но сега се опоравува во болница“, рече тој.

За инцидентот ја обвини „радикалната левица“, која, според него, „секојдневно им се заканува, напаѓа и ги таргетира нашите службеници за спроведување на законот и имиграциските агенти“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија16 минути

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија50 минути

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Македонија2 часа

Излеани реки, поплавени подруми, гаражи и дворови во Охрид и Битола, во Кичево евакуирани околу 100 луѓе

Поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, Општина Гостивар, е тешко прооден. За состојбата се...

Свет4 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа4 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет4 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа6 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа6 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија6 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет6 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија15 часа

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија16 часа

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија17 часа

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија1 ден

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија1 ден

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно...

Македонија1 ден

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет1 ден

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија1 ден

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...

Европа2 дена

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...