Свет
Анкара го потврди тајниот состанок на турскиот и израелскиот министер

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу и израелскиот министер за индустрија, трговија и труд, Бенјамин Бен Елиезер имале таен состанок во Брисел, потврдил турски извор кој сакал да остане анонимен за France Presse
Овој состанок, како што пренесува агенцијата, нејзиниот извор го карактеризирал како обид да се придонесе за надминување на кризата меѓу двете држави која изби по инцидентот меѓу израелските командоси и турски хуманитарци кои се обидоа да ја минат блокадата на Газа, при што загинаа осум турски и еден американски државјанин, сите Турци.„Состанокот се одржа во среда во Брисел на барање на Израелците. Уште претходно на Израелците им пренесовме какви се нашите очекувања од нив, а на состанокот во Брисел ги пвоторивме“, рекол изворот на France Presse.Израелските медиуми во средата го најавија овој состанок, но од кабиентот на премиерот Бенјамин Нетанјаху беше добиена само делумна официјална потврда. Поточно, Нетанјаху изјави дека дал „зелено светло“ за одржување на ваков состанок.Ова е првиот директен труско-израелски состанок на министерско ниво по инцидентот од 31-ви мај годинава, со што беа продлабочени недоразбирањата меѓу Турција и ИЗраел, ианку стари сојузници во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.