Свет
Ал Каеда подготвува прв он-лајн весник

Терористичката организација Ал Каеда се подготвува да почне да објавува он – лајн пропагандни весници на англиски јазик, потег што аналитичарите го оценуваат како можност да регрутира членови во САД и Европа, пренесува Fox News
Ал Каеда веќе почнала со промоција на весникот наречен „Inspire“. За уредување на весникот ќе биде задолжен огранокот на организацијата во Јемен, односно Анвар ал Авлаки, кој е радикален верник, со потекло од САД, а живее во Јемен. Претставниците за борба против тероризмот наведуваат дека неговите он-лајн проповеди на англиски инспирирале неколку од терористичките завери што неодамна се случија во САД. Аналитичарите оценуваат дека со оглед на тоа што Ал Каеда е ослабена со акциите на ЦИА, оваа група веројатно нема да може да се инфилтрира во САД, каде се засилува домашниот тероризам. „Јасно е дека целта е да се инспирираат светите воини во САД и Британија, кои би можеле да бидат новите убијци од Форт худ или пак, од Тајмс сквер“, оценува поранешниот припадник на ЦИА, Брус Ридл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран: Нема да преговараме додека Израел напаѓа

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Техеран нема да води никакви разговори со САД сè додека продолжува израелската агресија против Иран.
„САД се партнер во злосторството на Израел против Иран. Нема простор за преговори со нас сè додека не престанат израелските напади“, изјави Аракчи за иранската државна телевизија, објави Ројтерс.
Свет
МААЕ: Оштетени се клучните згради во иранската нуклеарна постројка

Клучни згради во нуклеарниот објект на Иран се оштетени во израелски напад, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Израелскиот напад рано наутро беше насочен кон објектот и реакторот за тешка вода во Хондаб.
Реакторот беше погоден и оштетен, но МААЕ вчера соопшти дека во тој момент не бил оперативен и дека не содржел „никаков нуклеарен материјал“.
Агенцијата додаде дека нема информации за можен удар врз соседен објект.
Во денешното ажурирање, МААЕ соопшти дека „клучните згради“ во производствениот погон се оштетени.
Наводно, тие вклучуваат и единица за дестилација.
Израел ги започна нападите минатиот петок, тврдејќи дека Иран е блиску до изградба на нуклеарна бомба.
Оневозможувањето на нуклеарната инфраструктура на Иран е главната цел на израелските напади, кои продолжија во последните денови на повеќе локации.
Европа
(Видео) Украина: Руските напади со дронови врз станбени згради предизвикаа огромни пожари

Едно лице загина, а најмалку 14 други беа повредени кога руски беспилотни летала го нападнаа украинскиот град на Црното Море Одеса во текот на ноќта, оштетувајќи високи згради и железничка инфраструктура, соопштија денеска локалните власти и обвинителите. Одеса, најголемото црноморско пристаниште во Украина, клучен центар за увоз и извоз, е под постојани руски ракетни и беспилотни напади од почетокот на војната.
„И покрај активната воздушна одбрана, оштетена е цивилна инфраструктура, вклучувајќи станбени згради, универзитет, гасовод и приватни автомобили“, изјави локалниот гувернер Олех Кипер на Телеграм. Кипер објави фотографии од запалени куќи и високи згради.
🔴 One killed and 14 injured, including 3 rescuers, in overnight Russian attack on Odesa. pic.twitter.com/Xe0JOL5yE4
— UNITED24 Media (@United24media) June 20, 2025
Локалните служби за итни случаи соопштија дека имало најмалку 10 напади со беспилотни летала врз станбени згради, предизвикувајќи огромни пожари. Украинските воздухопловни сили денес соопштија дека Русија лансирала 86 беспилотни летала во Украина во текот на ноќта.
Војската соопшти дека нејзините сили за воздушна одбрана собориле 34 беспилотни летала, додека 36 беспилотни летала биле изгубени, што укажува дека украинската војска ги пренасочила користејќи електронско војување или дека станува збор за симулатори на беспилотни летала кои не носеле боеви глави.
Војската објави дека беспилотните летала погодиле осум локации. Украинската државна железничка компанија „Укрзализниција“ објави дека железничката станица во Одеса била оштетена за време на нападот, со оштетени далноводи и пруги. Неколку приватни и повеќекатни куќи биле оштетени во напад со беспилотни летала во Харков, североисточна Украина, во текот на ноќта, соопштија властите на Харков.