Свет
Британија ќе ги одземе државјанствата на две актерки од „шпионскиот скандал“
Британската влада итно го разгледуваа прашањето за одземање на британското државјанство на две жени обвинети во „шпионски скандал“ во САД, изјавил за аруската агенција РИА Новости, претставник на миграционата агенција на Обединетото Кралство
„Министерката за вантрешни работи Тереза Меј сега итно ја разгледува можноста за одземање на британското државјанство и на британскиот пасош на две лица“, изјавил портпаролот на агенцијата неспоменувајќи имиња.Меѓу руските државјани кои беа уапсени во САД на 27-ми јуни, една жена 28-годишната Ана Чепмен (Кушченко) била британски државјанин, а другата 47-годишната Елена Вавилова (Трејси Ен Ли Фоли, како што се претставувала во САД), наводно користи британски пасош, податок кој претходно го проверило британското министерство за надворешни работи.Целата група од десет лица во петок претходно беше разменета во Виена за четири други Руси кои беа осудени во Русија за шпионажа и помилувани од претседателот Дмитриј Медведев.Ана Чепман добила британско државјанство откако во 2002 г. се омажила за државјанин на Обединетото кралство, Алекс Чепмен. Двојката се развела четири години подоцна. Таа, според британските медиуми, во Велика Британија работела на неколку работни места – од приватни фирми, обезбедување услуги за корпоративни авионски лизинг, во компанијата NetJets Europe и во инвестициската компанија NavigatorAsset Menagement Advisers. Претходно, адвокатoт на Чепмен, која се преселила во САД во февруари 2010 г. каде што се занимавал со бизнис со недвижнини, за медиумите изјави дека таа многу жали што мора да ги напушти САД, но се надева дека ќе се врати во Велика Британија.Британското министерство за надворешни работи, спровел проверка и на британскиот пасош за уште една инволвирана ва аферата, Вавилова. Подона во проверките се вклучила и британската разузнавачка служба МИ-5.Резултатите од истражувањата не се објавени, но британскиот Форин офис соопшти дека нема да прифати каква и да е одлука за обвинетите во случајот, додека не се заврши процесот во САД.Претставникот на Агенцијата за имигранти во Лондон рекол дека министерот за внатрешни работи има дискреционо право да го одземе британското државјанство на лица со двојно државјанство, ако смета дека тоа е „во интерес на јавната безбедност.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон ја повика ЕУ да продолжи со усвојување нови санкции против Русија
Францускиот претседател Емануел Макрон денес ја повика Европската Унија да продолжи со усвојување нови санкции против Русија, кои Унгарија ги блокираше, објави парискиот весник „Монд“ на својата веб-страница.
„Ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија. Мора да продолжиме со усвојување на 20-тиот пакет санкции на ЕУ“, рече Макрон во Париз на заедничка прес-конференција со неговиот фински колега Александар Стaб.
Финскиот претседател рече дека руската офанзива е стратешки, воен и економски неуспех на рускиот претседател Владимир Путин.
„Лидерот на Кремљ не сакаше НАТО да се прошири, а Финска и Шведска се приклучија на тој сојуз“, рече Стаб, додавајќи дека тоа е и воен неуспех за Путин бидејќи губи многу војници.
Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денес, по пристигнувањето на состанокот во Брисел, изјави дека е убеден дека 20-тиот пакет санкции ќе биде усвоен.
„Прашањето не е дали ќе биде усвоен. Ќе биде, тоа е сигурно. Но, кога ќе биде усвоен, секој мора да ги почитува своите обврски“, изјави Баро пред новинарите пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Свет
Путин: Русија се бори за својата иднина, вистина и независност
Русија се бори за својата иднина и независност, за вистина и правда, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на доделувањето на државните награди на Хероите на Русија во Кремљ.
„Денес во Кремљ не се собираат само професионалци со огромно искуство и беспрекорна обука. Тоа се команданти кои од самиот почеток на воената операција се бореле заедно со своите војници, споделувајќи ги сите искушенија со своите другари. Тоа се луѓе со цврсти морални принципи и идеали, вистински патриоти на Русија“, рече Путин на церемонијата во Кремљ, пренесува РИА Новости.
Рускиот лидер истакна дека нивната храброст и решителност им помогнале успешно да извршуваат операции во најсложените области и насоки.
Денес, Русија го слави Денот на бранителите на татковината, а Путин им го честиташе празникот на војниците, заблагодарувајќи им се за нивната служба, лојалноста кон нивните заклетви и наследството на многу генерации предци.
Свет
Сибиха: Унгарија и Словачка не можат да ја држат целата Европска Унија како заложник
Унгарија и Словачка не можат да ја држат целата Европска Унија како заложник, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, повикувајќи ги лидерите на тие земји да се вклучат во конструктивна соработка и да покажат „одговорно однесување“.
„Денес, на Советот за надворешни работи на ЕУ, повторив дека унгарските и словачките ултиматуми треба да бидат упатени само до Кремљ“, напиша Сибиха на својот профил на мрежата Икс.
Тој им се заблагодари на ЕУ и европските партнери за нивната поддршка на Украина, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин погрешно ја проценил состојбата во Европа.
„Путин целосно погрешно ја процени ситуацијата во врска со Украина. Русија се обиде да ја заплаши и подели Европа, но наместо тоа се соочи со невидено единство и нова европска сила која се вооружува и се шири. Ја нагласив подготвеноста на Украина да промовира мир и се залагав за поголемо европско учество во мировниот процес, истовремено истакнувајќи го лидерството на Соединетите Американски Држави“, рече Сибиха, пренесува Танјуг.
Според него, подготвеноста на Русија да ја заврши војната или да преземе сериозни чекори кон мир сè уште не е видлива.
„Повикуваме на зголемен притисок врз Москва. Потребна е целосна забрана за влез на учесници во руската агресија и нивните роднини“, рече Сибиха, додавајќи дека ЕУ треба да инвестира во украинската одбранбена индустрија.
Тој, исто така, повика на воведување на 20-тиот пакет европски санкции против Русија. „Исто така, треба да ја направиме 2026 година, година на успешно спроведување на програмата SAFE за заеднички одбранбени иницијативи и континуиран придонес кон иницијативата PURL на НАТО за критично американско оружје“, смета Сибиха.
Тој додаде дека Украина е подготвена да ги исполни сите услови за полноправно членство во ЕУ. „Пристапувањето на Украина, Молдавија и Западен Балкан претставува геополитичка, безбедносна и економска неопходност“, заклучи Сибиха.

