Свет
Во двоен бомбашки напад 21 убиен во Иран
Најмалку 21 лица загинаа a повеќе од сто се ранети во двоен самоубиствен бомбашки напад во Иран, пренесе иранската државна агенција IRNA
Нападот се случил во џамија во југоисточен Иран. Иранските власти страхуваат дека бројката загинати ќе се зголемува, имајжи предвид дека голем број од ранетите се во тешка состојба.Инцидентот се случил кога двајца бомбаши-самоубијци ги активирале експлозивните направи што ги носеле на себе на влезот од главната џамија во градот Захедан, во провинцијата Систан и Белуџистан, која се граничи со Пакистан.Во провинцијата Систан и Белуџистан е активна сунитската групација Џундалах (Воини на Алах), која се бори за правата на Белуџите, малцинска група во Иран, во кој преовладуваат шиитските муслимани. Лидерот на Џундалах беше обесен во јуни оваа година, откако иранското правосудство го прогласи за виновен под обвинение за напад врз цивили, вооружен грабеж и водење дезинформативна кампања против режимот.Иранските власти ја обвинуваат за повеќе терористички напади кои се извршени од 2005 г. во покраината Систан-Белучистан на границата со Пакистан, при што ги обвинуваат западните разузнавачки служби дека им даваат логистика на припадниците на Џундалах.Припадниците на Џундалах по акција во Иран можат многу брзо да преминат на пакистанска територија, при што Чуварите на револуцијата кои ги контролираат границите на Иран не можат да ги сопрат и да ги фатат. Иранската страна нагласува дека на оваа тема биел одржани неколку заеднички средби на безбедносните сили на двете држави, но без напредок, бидејќи според Техеран пакистанските граничари не покажуваат волја за решавање на проблемот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.
Свет
„ Тоа е мојот син, го познав по кошулата“: Ископани масовни гробници во Газа
Властите во Газа го завршија претресот на масовните гробници во болница во јужниот дел на Појасот и соопштија дека откопале 392 тела. Претставник на палестинската цивилна одбрана во Газа вчера изјави дека 165 тела биле идентификувани и закопани во комплексот на болницата Насер во Кан Јунис по повлекувањето на израелските сили.
„Идентитетот на преостанатите 227 тела допрва треба да се утврди. Пронајдовме три масовни гробници, првата пред мртовечницата, втората зад мртовечницата и третата северно од зградата за дијализа“, рече Мохамед Ал Мигаџер. Израелските одбранбени сили (ИДФ) негираат дека нивните војници ставале тела во масовни гробници и тврдат дека гробниците во комплексот биле ископани од Палестинци во Газа пред неколку месеци.
Цивилната одбрана на Газа признава дека околу 100 луѓе биле закопани во болничката област. Новинар на Си-Ен-Ен, кој во неделата ја посети областа, наведува дека во јануари, како дел од привремена мерка, мештаните ги закопале телата на убиените членови на семејството во болницата бидејќи немало безбеден пристап до гробиштата.
Кога се вратиле по израелското повлекување, откриле дека телата биле ексхумирани, веројатно за да може ИДФ да користи ДНК анализа за да утврди дали меѓу нив има заложници.
Ал Мигаџер наведува дека цивилната одбрана пронашла тела на деца во масовни гробници, што докажува дека се работи за геноцид. Палестинските власти веруваат дека најмалку 20 цивили биле живи закопани, но не соопштуваат детали. Ал Мигаџер тврди дека некои болнички пациенти биле и егзекутирани и дека на нивните тела биле пронајдени прострелни рани во главата.
Си-Ен-Ен пренесува изјава на татко кој го идентификувал распаднатото тело на неговиот 15-годишен син. Човекот погледнал во безживотното тело на детето и рекол: „Тоа е мојот син, јас го знам тоа по неговата кошула“. “О Боже, тој е мртов. Тој е мртов”, рече тој, бришејќи ги солзите.
„Циркулираат дезинформации во врска со масовната гробница во болницата Насер. Гробовите беа ископани во Газа пред неколку месеци. Тоа го потврдуваат видеата што тогашните жители на Газа ги објавуваа на социјалните мрежи“, напиша Надав Шошани.
„Секој обид да се обвини Израел за закопување цивили во масовни гробници е лага. Тоа е пример за кампања за дезинформации чија цел е делегитимирање на Израел“, додаде тој. ИДФ соопшти дека отстранила десетици тела од Газа за ДНК тестови во Израел, а потоа ги ставила посмртните останки во контејнери.
„Чувствуваме потреба да алармираме бидејќи се откриени повеќе тела“, рече Равина Шамдасани, портпаролка на Високиот комесаријат за човекови права на ОН. Таа ги опиша телата кои биле „закопани длабоко во земјата и покриени со ѓубре“, додавајќи дека „меѓу загинатите наводно има постари лица, жени и повредени“, вклучително и некои кои биле врзани и без облека.
Лекарите кои работат за Лекари без граници велат дека израелските сили ја нападнале болницата Насер кон крајот на јануари, пред да се повлечат еден месец подоцна, оставајќи ја установата неспособна да функционира.
Свет
Активисти изградија пропалестински камп во Берлин, полицијата денеска го урна
Полицијата во Берлин почна со отстранување на пропалестинскиот камп поставен пред германскиот парламент во петокот од активисти кои бараат од владата да го прекине извозот на оружје за Израел и да го запре, како што го нарекуваат криминализацијата на палестинското движење за солидарност.
Полициската акција дојде откако демонстрантите се судрија со полицијата во американските кампуси и по блокадата на универзитетот Sciences Po во Париз, дел од меѓународните протести против воената кампања на Израел во Газа и западната поддршка за Тел Авив.
„Идејата беше да се привлече вниманието на германското учество и активното олеснување на израелскиот геноцид во Газа“, рече организаторот на кампот Јара Насар.
Полицијата соопшти дека одлуката за забрана на кампот, кој доби дозвола на почетокот на протестот, е донесена поради повеќекратни прекршувања од страна на поединечни демонстранти, вклучително и употреба на неуставни симболи и забранети пароли.
„Заштитата на собирот не може да се гарантира во овој момент бидејќи јавниот ред и мир се значително загрозени“, рече портпаролката на полицијата Ања Диершкесаид, додавајќи дека шаторите морале да бидат отстранети поради локалните правила за одржување на тревникот.
„За германската влада тревата е поважна од животите на повеќе од 40.000 невини луѓе во Газа, кои беа убиени од израелската армија“, рече еден од демонстрантите.