Свет
Еден загинат во подметната експлозија во Русија
Висок офицер на руското федерално безбедносно биро ФСБ починал рано утрото во сабота во подметната експлозија во Кабардино-Балкараската република, соопштија руските агенции
Извор од министерството за внатрешни работи на ова руска република за РИА Новости потврдил дека експлозијата се случила во раните утрински часови во Урванскиот регион, при што офицерот бил тешко повреден а починал во болницата од здобиените повреди. Експлозивната направа била поставена под автомобилот на полицискиот службеник од градот Нарткала. Во автомобилот покрај припадникот на државната безбедност, се наоѓале и две деца кои исто така се потешко ранети и превезени во болницата во главниот град Налчик, и две жени.Експлозијата се случила малку пред полноќ по локално време, кога оперативецот на ФСБ и неговото семејство излегле од приватен дом каде биле на гости.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
13-та жртва на масакрот во Цетиње: во болница во Подгорица денеска почина еден од ранетите на 1 јануари
Дејан Кокотовиќ почина денеска во Клиничкиот центар во Подгорица од тешките повреди со кои се здоби на 1 јануари при пукање во кафулето Велестово во центарот на Цетиње, пишува црногорски „Вијести“. Ова е 13-та жртва на нападот на Ацо Мартиновиќ.
Во нападот Кокотовиќ бил ранет во пределот на стомакот, градниот кош и главата. Истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар. Тој изминатава недела се бореше за живот, но на крајот напорите на лекарите се покажаа залудни.
Убиецот Ацо Мартиновиќ починал при транспорт во Клиничкиот центар на Црна Гора откако си пукал во глава.
Свет
Канадскиот министер за енергија го предупреди Трамп на трговска војна за нафтата
Канадскиот министер за енергија Џонатан Вилкинсон денеска ги отфрли тврдењата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека на САД не им треба ништо од Канада и предупреди на потенцијални одмазднички трговски мерки од Отава, вклучително и извозни даноци на нафта.
Одговарајќи на изјавите на Трамп дека постои можност за зголемување на царините до 25 отсто, Вилкинсон рече дека САД немаат лесно достапна алтернатива за канадската сурова нафта, ураниум, поташа и други критични минерали, пишува „Блумберг“.
„Поголемиот дел од суровата нафта произведена во САД е лесно слатко масло. Рафинериите во средниот запад (САД) се формирани за тешка сурова нафта и немаат алтернатива за користење на канадските ресурси – тоа не е економично. Дури и алтернативата што постои за некои од заливските рафинерии за тешка нафта е Венецуела“, заклучи Вилкинсон, еден од кандидатите да го замени премиерот во заминување, Џастин Трудо.
Свет
Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути
Забрзано видео од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего ја покажува брзината на првичното ширење на пожарот што беснее во Лос Анџелес.
Според Би-би-си, видеото е создадено за 90 минути ноќта меѓу 7 и 8 јануари, неколку часа по пријавувањето на пожарот, и го покажува неговото брзо ширење низ Пацифик Палисадес, една од луксузните населби во Лос Анџелес.
Медиумите објавија уште неколку слични видеа: