Свет
Три војника убиени во Дагестан
Неидентификувани напаѓачи стрелале врз војнции во дагестанскиот регион Бујнакск пришто три војника биле убиени, изјавил за РИА Новости претставник локалната полиција
Како што рекол изворот на агенцијата од полицијата на истоимениот град, тројцата војници загинале во петок навечер кога врз нивната 136-та моторизирна пешадиска бригада, стрелале непознати лица кои се во бегство.„Двајца војници загинаа на самото место, а еден почина во болница. Наместото се извршуваат оперативни задачи на оперативно истражните органи, а деталите же бидат подоцна обелоденети“, изјавил претставник на републичкото министерство за внатрешни работи.Ова е четврт посериозен напад врз припадници на руската полиција и војска во Дагестан. Неидентификуван напаѓач уби мајор на полицијата во дагестанскиот град Касавјурт, откако стрелал во автомобилот во кој бил агентот на полицјата од Новоласк. Претходно висок офицер на руското федерално безбедносно биро ФСБ беше убиен во подметната експлозија исто така во Кабардино-Балкараската република. Експлозивната направа била поставена под автомобилот на полицискиот службеник од градот Нарткала, во кој покрај припадникот на државната безбедност, се наоѓале и две деца и две жени.Руските власти за овие напади ги обвинуваат криминалните банди кои преземаат терористички напади врз полицијата со и исламистички милитантни заднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

