Свет
Медведев го пофали искуството на Берлускони
Рускиот претседател во петок го пофали италијанскиот премиер како „најавторитетен и најискусен“ лидер на групата Г8
Комплиментот што рускиот претседател Дмитриј Медведев му го дал на неговиот домаќин Силвио Берлускони на заедничката прес-конферецнија во Милно, следел откако италијанскиот премиер повикал на задржување на сегашниот формат според кој лидерите на групата Г8, САД, Јапонија, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Русија секоја година го одржуваат самитот на кој се разговара за важните светски прашања, пренесува РИА Новости. Овие самите честопати се критикувани како елитистички празни разговори на кои многу малку се доаѓа до конкретни резултати. Сепак релативно младиот Медведев на новинарите им изјавил дека смета дека нивното одржување е многу важно бидејќи светските лидери на кои некои се нови на светската политичка сцена им овозможува размена на мислењата и ставовите. „Меѓу нив, најавторитетен и најискусен без сомнение е Силвио Берлускони. Секогаш внимателно набљудувам што Силвио прави и како одговара на прашањата“, рекол Медведев. Седумдесет итри-годишниот Берлускони зад себе има три премиерски мандата, а светските медиуми постојано му ги забележуваа многуте гафови, особено на средбите со неговите колеги. Така, сега медиумите потсетуваат не една негова средба со Медведев во Москва 2008 г., кога тогаш новоизбраниот американски претседател Барак Обама го опиша како „сончан“, а подоцна оправдувајќи се го нарече „сладок“.Инаку Италија е трет трговски партнер на Русија, иако меѓусебната трговска размена во 2009 г. е намалена за 30 отсто, во прв ред заради светската економска криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.