Свет
Во Јапонија од жегата 15 илјади во болници, 66 починале

Најмалку 66 лица починале а околу 15 илајди се хоспитализирани како последица на многу високите температури кои веќе неколку седмици го зафатија поголемито дел од Јапонија, соопштија во вторник тамошните здравствени власти
Само во текот на изминатата седмица болницте во Јапонија примиле околу 9.500 луѓе од кои 57 не успеале да го преживеат големиот топлотен бран.Бројката срмтни слушаи предизвикани со есктрено високите температураи на воздухот невообичаени за Јапонија е четири пати повисок, во споредба со 16-починати минатата година од истите причини.Во јапонија големата жега трае веднаш по завршувањето на сезоната на дождови од почетокот на јули, кога температурата во целиот архипелаг се искачи подолг период над 35 степени Целзиусови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Украинците немаат ни денар, а Европа се уништува самата себеси

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше Западот за справувањето со кризата меѓу Русија и Украина, велејќи дека војната можела да се спречи доколку Доналд Трамп бил претседател на Соединетите Американски Држави во тоа време.
„Да имаше сериозен претседател, како Доналд Трамп, тој ќе ја спречеше војната“, рече тој во интервју со водителот Бен Шапиро.
Зборувајќи за војната во Украина, тој изрази критички став кон справувањето со кризата од страна на Западот, објаснувајќи дека Украина служела како тампон-зона меѓу Русија и НАТО сè додека западните лидери, со поддршка на САД, не се обиделе да ја интегрираат во западните воени и економски структури.
„Русите категорично рекоа дека нема да го толерираат ова“, рече тој, тврдејќи дека друг американски претседател можел да ја спречи ескалацијата. „Да имаше сериозен претседател, како Доналд Трамп, тој ќе ја спречеше војната“, рече Орбан.
Тој, исто така, посочи на економската штета што војната ѝ ја нанесе на Европа.
„Украинците немаат ни денар. Целата украинска армија е финансирана од Американците и Европа. Ние се уништуваме себеси. Инфлацијата расте. Цените на енергијата скокнаа нагло“, рече тој, тврдејќи дека Унгарија имала право што повикала на мир и враќање во неутрална тампон-зона.
„Ова е економска катастрофа за Европа. Ни треба прекин на огнот. Ни треба мир“, рече Орбан.
Тој изрази длабока загриженост за растечкото влијание на меѓународните организации, вклучително и Европската Унија, за која рече дека отстапила од својата првична намена.
„Брисел повеќе не е за координирање на земјите-членки“, предупреди тој, истакнувајќи дека „станал центар на моќ… Франкенштајн“.
Тој ја обвини ЕУ дека користи правни алатки како оружје, како што се дневни казни, за да ја казни Унгарија за одбивањето да прими нелегални мигранти.
„Тие земаат милион евра од нас како казна секој ден“, рече тој.
Во врска со странското влијание во домашната политика, Орбан го привлече вниманието на она што го нарече „сива зона“ на невладини организации, влијателни лица и тинк-тенкови кои го обликуваат јавното мислење без одговорност.
„Следете ги парите“, повика тој, нагласувајќи ја потребата од закони за транспарентност за да се утврди кој ги финансира политичките наративи во Унгарија.
Свет
Захарова: Одбивањето на Киев да ги преземе телата е доказ за неговата неонацистичка природа

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, повторно го коментираше одбивањето на Киев да ги врати телата на своите војници и истакна дека ова е „најстрашниот доказ за неговата неонацистичка, дехуманизирана природа“.
„Фактот што тие не ги земаат телата на своите војници, верувам, е најстрашниот доказ за нивната неонацистичка дехуманизирана природа“, изјави Захарова за радио „Спутник“.
Захарова го привлече вниманието на фактот дека Киев не поднел никакви барања за одложување на приемот на телата.
„Како одговор на ова, не се слушна ниту мрморење ниту барање, на пример – бидејќи на украинската страна ѝ недостасуваат научни и технички способности, бидејќи станува збор за идентификација, зачувување – преземањето да се одложи или, да речеме, да се спроведе во серии, или, да речеме, да се преземат оние што, според наша гледна точка, се успешно идентификувани. Ништо од тоа. Директно отфрлање, кое се претвора во потсмев, не кон нас, туку кон нив“, рече таа.
Коментирајќи го одбивањето на Киев да ги преземе телата на војниците на украинските вооружени сили, Захарова истакна дека во светот нема пример за „таква традиција“.
„Се прашував, можеби во варварската традиција, можеби меѓу варварите, тоа е толку колективен концепт, не беше ли вообичаено да се земат телата на паднатите војници? Ништо слично: дури и меѓу варварите беше задолжително да се погребуваат со почести војниците кои се бореле за интересите на својата заедница. Не постои таква традиција, разбирате ли? Светот живее од античко време, а ниеден народ не постигнал таков резултат“, изјави таа.
Претходно помошникот на рускиот претседател и шеф на руската делегација на преговорите со Украина, Владимир Медински, изјави дека, во согласност со договорите од Истанбул, на 6 јуни руската страна започна со спроведување на хуманитарната операција за префрлање на повеќе од 6.000 тела на загинати украински војници во Украина, како и размена на ранетите и тешко болните воени заробеници и воените заробеници под 25 години.
Сепак, Киев неочекувано го одложи приемот на телата и размената на воени заробеници на неодредено време, пренесува Танјуг.
Свет
Иран: Доколку дојде до воен конфликт, ќе ги нападнеме американските бази во регионот

Доколку нуклеарните преговори не успеат и дојде до конфликт со САД, Иран ќе ги нападне американските бази во регионот, изјави денес министерот за одбрана Азиз Насирзаде, неколку дена пред планираната шеста рунда разговори меѓу двете страни за нуклеарната програма на Иран.
„Некои претставници од другата страна се закануваат со конфликт ако разговорите не вродат со плод. Ако ни се наметне конфликт сите американски бази се во наш дофат и ние смело ќе ги таргетираме во земјите домаќини“, изјави Насирзаде на прес-конференција.
Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати се закани дека ќе го бомбардира Иран ако не постигне нов нуклеарен договор.
Следната рунда разговори треба да се одржи оваа недела. Трамп ги најави разговорите за четврток, додека Техеран вели дека тие ќе се одржат во недела во Оман.
Се очекува Иран да понуди контрапредлог на американската понуда за договор што Техеран го отфрли.
Трамп одговори дека Иран станува „сè поагресивен“ во разговорите.
Насирзаде потсети дека Техеран неодамна тестирал ракета со боева глава од два тона и дека нема да прифати никакви ограничувања. Врховниот лидер на теократската Исламска Република, ајатолахот Али Хамнеи, во февруари изјави дека Иран ќе продолжи да ги развива своите воени капацитети, вклучително и своите ракети.