Свет
САД нема покритие за потрошени 8,7 милијарди во Ирак
Министерството за одбрана на САД не може да обезбеди покритие за преку 95 проценти од 9,1 милијарди долари , пари добиени од ирачката нафта, а наменети за изградбата на Ирак предводена од САД, покажува ревизорскиот извештај објавен во вторник, пренесува Associated Press
Извештајот од „Специјалниот истражител на САД за ирачката реконструкција“ нуди увид во континуираната безгрижност со која се трошеле фондовите во земја каде што луѓето немаат ниту основни услови за живот, како што се струјата и чистата вода.Ревизијата открила дека приправените записи што ги водело Министерството за одбрана го довело Пентагон во ситуација да не може целосно да „покрие“ 8,7 милијарди долари кои ги повлекло помеѓу 2004 и 2007 година од специјалниот фонд воспоставен од Советот за безбедност на ОН. Од таа сума, се вели во ревизорскиот извештај, „Пентагон не може да поткрепи со валидни документи како потрошило 2,6 милијарди долари“.Овие фондови не се дел од 53 милијарди кои американскиот конгрес ги одвои за повторната изградба на Ирак.Ревизорот навел цела низа причини зошто Пентагон не може да го поткрепи трошењето на овие пари од Фондот за развој на Ирак. Организациите кои ги трошеле пари немаат отворени валидни сметки во американското министерство за финансии, како што налага законот и второ ниту едно тело од Министерството за одбрана не било назначено за контролор на тоа како се трошат парите.Ревизорот открил и дека Министерството се уште контролира околу 34,3 милиони долари од овие пари, иако од него било побарано да и ги врати парите на орачката влада.Во извештајот не се наведува дали истражителите веруваат дека имало каков и да е криминал или измама поврзани со трошењето на овие пари. Фондот за развој на Ирак се полни со приходи од извозот на нафта и гас, како и од замрзнатите ирачки имоти , како и од вишоците на сега укинатата програма „Нафта за храна“ од времето на Садам Хусеин и меѓународните санкции.Ирачката влада во декември 2007 година го повлече овластувањето дадено на американското Министерство за одбрана за пристап до овие фондови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.