Свет
Уште двајца НАТО-вци настрада од мина во Авганистан
Два војника на меѓународните сили во Авганистан се убиени во недела налетувајќи на мина од домашно производство на југ од земјата каде денеска загинаа на ист начин и шест цивили, соопшти командата на НАТО
Меѓународните сили за помош на безбедноста во Авганистан (ISAF) не ја соопштија националноста на загинатите војници бидејќи според воспоставената практика тоа прво го прават националните команди или министерствата за одбрана на државите чии контигенти партиципираат во мисијата. Единствено е соопштено дека војниците загинале во два одделни инцидента, пренесува France Presse.Ова се првите жртви на меѓународните единици во август, откако јули беше најсмртоносниот месец со 66 загинати за американски војници од крајот на 2001 г. кога со инвазијата што ја предводеше САД беше соборен талибанскиот режим.Бомбите од рачна изработка кои не се скапи за изработка и лесно се сокриваат станаа најубиственото оружје што го користат бунтовниците во Авганистан и е најчестата причина за смртта на странските војници но и на авганистанските цивили. Од почетокот на 2010 г. во Авганистан загинаа 413 странски војници чија вкупна бројка сега изнесува околу 150 илјади, меѓу кои 89 загинале во јули, а 102 во јуни кој е вкупно најсмртоносен месец воопшто од 2001 г. соопшти независната интернет страница кој води статистика за бројката загинати во Авганистан – icasualties.org.Талибанскиот бунт и покрај офанзивата на меѓународните сили која трае од февруари во покраините Хелманд и Кандахар кои с есметаат за нивни бастиони, постојано се засилува и ја зафати речиси целата територија на Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

