Свет
Во Русија 320 нови пожари, досега изгаснати 210
Руското министерство за вонредни состојби соопшти дека е сопрено ширењето на шумските пожари и дека опожареното подрачје е донекаде намалено во западниот дел од земјата кое веќе цел месец е погодено од рекордно високи температури
Во меѓувреме рускиот премиер Владимир Путин откако направил во текот на денот обиколка на повеќе жаришта, во недела навечер свика состанок со губернаторите на регионите кои се погодени од огнената стихија, пренесе РИА Новости. Телевизијата Росија 24, ја пренесува изјавата на портпаролката на министерството за вонредни состојби, Ирина Андријанова која изјавила дека површина на опожарените подрачја се намалила за седум илјади хектари и сега опфаќа вкупно 128 илјади хектари. „Денеска се појавија 320 нови пожари, а во меѓувреме изгаснати се 210. Во последните два дена ниедна куќа не изгоре, благодарејќи на напорите на министерството а спречени се и човечки загуби“, рекла Андријанова, пренесува агенцијата Интерфакс. До недела навечер животите ги загубиле 30 луѓе, а повеќе од 2.200 останале без покрив над главата. Од почетокот на годинава во Русија се пријавени вкупно 2.293 пожари на јавни површини кои зафатиле вкупна површина од 558 илјади хектари, од кои околу 800 се шумски пожари, пишува на интернет страницата на руското министерство за вонредни состојби. Според истата информација во шумските пожари до недела навечер изгореле 1.875 домови а без покрив над главата останале најмалку 2.210 жители. Штета е проценета на 4,6 милијарди рубљи, од кои засега се поделени само 321 милион.Со пожарите се погодени 14 региони од кои најмногу домови изгореле во Нижнегордската област – 759, во Воронешката – 291 и во Рјазанската 233 домови. „Заради неповолните метеоролошки услови во неколку области во централниот дел од земјата и во сливот на Волга, каде температурите се движат до 40 степени Целзиусови со силен ветар кој дува со брзина од 20 метри во секунда, ситуацијата е многу влошена“, се нагласува во последниот извештај од доцна вечер во недела издаден од руското министерството за вонредни состојби. Шумската служба во недела навечер јави дека на рускиот далечен исток во последните 24 часа бројката пожари трикратно се зголемила каде горат 100 илјади хектари тајга и 300 илјади хектари почва која не е под шума. појавиле три нови пожара. Агенцијата Итар-тасс, пак, повикувајќи се на губернаторот на областа Нижни Новгород Валери Чанцев, наведува дека многу е ризична ситуацијата во околината на градот Саров каде се наоѓа сојузниот нуклеарен истражувачки центар „Арзамас -16“. Рускиот Патријарх Кирил ги повикал верниците на вечерната богослужба во Нижни Новгород да ги упатат молитвите за дожд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

