Свет
Убиените лекари во Авганистан се претежн Американци
Осумте странски лекари чии тела биа најдени во зафрлените авганситанските делови крај границата со Пакистанци, биле припадници на хуманитарна органзиација и шест од нив биле американски државјани, една била Британка а втората убиена жена е Германка, известува AFP
Agence France Presse со оваа информација во која се повикува на диреторот на невладината хуманитарна организација IAM, ги коригира претходните информации на западните новински агенции дека од вкипно 11-те убиени шестмина биле германски државјани и три жени а дека други троца се американски граѓани. Информациите на агенциите се темелеа на изјави од авганистанскта полиција од зафрлената горска област на покраината Нуристан, на североисток од земјата аде се активни талибанските бунтовници. Телата на исчезнатите пред две седмици лекари, изрешенати во во камп во средата ги нашла авганистанската полиција.„Пет мажи, сите Американци, и три жени Американка, Германка и Британка, се убиени“, изјавил Дирк Франс, директото на ИАМ (International Assistance Mission) христијанската Меѓународна мисија за помош. Во нивна придружба биле и четворица Авганистанци, од кои двајца се убиени а двајца го преживеале нападот. Тие објасниле дека групата лекари офтамолози се враќале од соседната покраина покраина Бадакшан.ИАМ мисијата која во Авганистан делува од 1966 г. е специјализирана за офтамологија и секоја година лекува околу 25 илјади Авганистан.Франс изјавил дека во долгогодишното дејствување, организацијјат аникогаш досега како и пред овој напад не добила никакви закани . Во меѓувреме талибаните ја преземаа одговорноста за нападот тврдејќи дека хуманитарците биле во „христијанска мисија на преобратување“ и дека делел Библии испечатени на јазикот дари. На тоа, Франс тврди дека иако Иам е христијанска организација, нејзините приапдници никогаш не делел Библии. „Ние работевме и во времето на владеењето на царот, комунизмот и на талибаните. Нашата работа им е добро позната“, изјавил Франс додавајќи дека органзиацијата и по овој маскр врз нејзините лекари нема да се откаже од хумаитарната работа во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА
Регион
Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер
Третиот осомничен за бомбашкиот напад врз куќата на Здравко Чолиќ, вечерва е уапсен во ефикасна акција на Одделот за криминалистичка полиција, Полициската управа за градот Белград, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, пишува „Курир“.
Сомненијата според написите се дека двајцата претходно уапсени, биле директни сторители, додека третиот им набавил експлозивни направи, не само за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ, туку и за нападот врз Палилула на 20 ноември 2025 година, пишува „Курир“.
Бомбата експлодирала во просторот помеѓу куќите што му припаѓаат на семејството на жртвата и друго семејство, а осомничените се вратиле назад кон возилото.
Исто така, на 3 февруари 2026 година, тие неовластено носеле една рачна граната, па користеле такси, а потоа стигнале до семејната куќа на Чолиќ каде околу 4:52 часот наутро осомничениот што го барале активирал и фрлил рачна граната во дворот на семејната куќа, додека еден од осомничените се погрижил да не помине никој и снимал со мобилен телефон.
Рачната граната експлодирала, по што осомничените се оддалечиле од местото на настанот, според медиумот.

