Свет
Ново жариште кај руската нуклеарка во Саров
Ново жариште на пожар се јавило крај руската нуклеарна централа крај Саров, 500 килоемтри источно од Москва, а агенциите јавуваат дека е стопирано повлеквуањето на пожарникарите и војниците кои почнаа да се повлекуваат по ставањето под контрола на првото жариште
„Новото жариште се појави откако гром удри во висок бор. Директорот на нуклеарната централа, Валентин Костјуков побара од министерството за вонредни состојби да ги врати екипите во Саров и да ги засии со нова потешка опрема“, стои во сооптшеието издадено од раковдството на нуклеарната централа што го пренесува РИА Новости. Во вторник наутро повеќе од 500 лица и натаму останале да се соочуваат со пожарот во другиот воен нуклеарен комплекс кој е исто така е загрозен. Костјуков за агенцијата Интерфакс изјавил дека било почнато со повелкување на противпожарните екипи.„Почнавме да повлекувам дел од силите, но природатѕа ни приреди изненадување со ново жариште источчно од централата, затоа мораме да ги менуваме нашите одлуки“, рекол директорот на нуклеарката кај Саров. Едне од стотиците шумски пожари кои беснеат во Русија минатата седмица опасно се приближи до оваа нуклеарна централа. Рисуките власти негираа каква и да е оапсност и на 4-ти август обајвија дека од централата бил евакуиран целиот нуклеарен и екпслозивен материјал. Во понеделник пак соопштија дека е вратена опремата, бидјеќи пожарот и официјално беше ставен под надзор.Во вторникот двајца руски војници загинаа во борба против пожарите околу нуклеарниот центар во Саров, кога врз нив паднало запалено стебло.Во близината на градот Саров, уште во времето на Советскиот сојуз е изграден нуклеарен научен центар во кој се вршат истражувања и се произведува атомско оружје. Во понеделникот повеќе од 800 луѓе биле ангажирани во борбата со огнената стихија којашто му се заканува на овој нуклеарен комплекс кој е сместен во Нижнегородската област која принадлежи на Подмосковјето. Како што уште во саботата соопшти руското министерство за одбрана, сите опасни нукеларни материи биле навреме изнесени од центарот во Саров. Саров во времето на СССР беше еден од тајните градови означен како Арзамас-16, градови кои ги немаше на ниту една конвеционална географска карта, туку на тајните мапи на советската одбрана и тајните служби. Во него ниту денес не може да престојуваат странци а и руските државјани кои не се негови жители за престој мора да добијат специјални дозволи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.