Свет
Истрага на НАТО за гинењето цивили во Авганистан

Меѓународните вoени сили под водство на Алијансата во Авганистан во четврток објавија дека отвориле истрага за последниот случај на загинување цивили, кога се обвинети дека вчера нејзини војници по грешка убиле седум цивили на југ од земјата
Во соопштението на командата на мисијата ИСАФ, се наведува дека врз воените сили во јужната покраина Хелманд која е бастион на талибаните бил отворен жесток оган и дека тие побарале воздушна поддршка за успешно да го одбијат нападот на бунтовниците.„Во текот на денот телата на ранетите и загинатите авганистански цивили се однесени до контролната точка“, се наведува во соопштението на ИСАФ при што се додава дека повредените биле веднаш пренесени во полската болница на мисијата и дека ќе биде отворена истрага за инцидентот, пренесува Agence Grance Presse.„Формиравме комисија која ја сочинуваат припадници на ИСАФ и Авганистанци, за прецизно да се утврди што навистина се случило“, изјавил портпаролот на меѓународната мисија за поддршка на Авганистан, американскиот полковник Рафаел Томас.Во првите шест месеци од годинава се убиени повеќе од 1.200 цивили, што е 25 отсто повеќе во однос на истиот период во 2009 г., објавија во вторникот Обединетите нации.Од оваа бројка три четвртини се жртви на талибаните, а 12 отсто се „колатерална штета“ во акции на сојузничките или авганистанските безбедносни сили.Засилувањето на судирите во Авганистан придонесе и за голем пораст на бројката жртви на меѓународните сили во земјата. Така, од почетокот на 2010 г. загинале 426 странски војници, што е само за стотина помалку од црнито биланс за целата мината година, предупредува специјализираната за водење ваква статистика француска интернет страница icasualties.org.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.
Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.