Свет
Кинеските богаташи кријат 1,4 трилиони долари
Кинеските богаташи најверојатно кријат од властите преку 9,3 трилиони реминби (1,4 трилиони долари), што е еднакво на една третина бруто националниот приход, пишува во петок Associated Press
Во извештајот на економскиот институт „Фондација за кинески реформи“, спонзориран од банката „Кредит Суис“, се посочува и на загрижувачкиот факт дека јазот помеѓу богатите и сиромашните во оваа земја е многу поширок отколку што покажуваат официјалните бројки.Во извештајот е направен обид да се пресметаат вистинските заработувачки врз основа на потрошувачките навики на околу 4.000 домаќинства. Целта е да се дојде до конкретни бројки за „сивите приходи“ кои ја поттикнуваат корупцијата.Извештајот тврди дека просечната урбана заработувачка е, всушност, околу 32.000 јуани (4.700 долари) или речиси двојно повеќе од официјалните податоци.„Сивите приходи“ може да дојдат од разни извори, каско што помош при одобрување на проекти, манипулација на берзата, купопродажба на земјиште. Бонуси, па дури и свадбени подароци за моќните партиски функционери. Сите тие пари претставуваат голема загуба за државата во неплатени даноци.Во истражувањето е користена невообичаена методологија за прибирање на податоците, бидејќи се претпоставило дека семејствата со високи приходи нема да бидат искрени при давањето на податоци за своите скриени заработки. Истражувачите ги контактирале нивните семејства, пријатели и колеги и собирала податоци за нивните навики на трошење пари, од примерок од 4.000 домаќинства, во 64 градови и 19 провинции. Истражувачите потоа ги обработувале податоците користејќи економски формули за да го проектираат годишниот приход од потрошените суми.Околу 62 проценти од скриената заработувачка е во рацете на најбогатите 10 проценти. Заедно, врвните 20 проценти од општеството контролираат околу 80 проценти од, често пати, нелегалните приходи.Во извештајот е исто така пресметано дека просечната заработувачка по човек меѓу најбогатите 10 проценти е 65 пати поголема од онаа на најсиромашните 10 проценти. Официјалната статистика тврди дека таа разлика е 23 пати.Кинеските лидери покажуваат се поголема загриженост за диспаритетот во заработувачката, стравувајќи од социјални немири к0и можат да го загрозат 60-годишното владеење на Комунистичката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

