Свет
Менаџер на Apple обвинет за продажба на доверливи информации
Менаџер за набавка на Apple е обвинет за примање поткуп од шест азиски компании, на кои им ги продавал корпоративните тајни, објави Reuters во недела
Обвинителството тврди дека менаџерот Пол Шин Дивајн кој работел на оваа фунција во Apple од 2005 г., ја искористи својата службена положба да си овозможи пристап до доверливи информации. Менаџерот на азиските снабдувачи им продавал корисни информации кои подоцна тие ги ползувале за да постигнат што поповолни услови во договорите со Apple.Американските правосудни власти засега не ги откриваат имињата на компаниите кои досега му плажале мито на Дивајн, истакнувајќи само дека тие се наоѓаат во Јужна Кореја, Кина, Тајван и Сингапур.Американските федералните власти поднесле обвинение против него за измама, за перење пари, за учество во заговор и за примање поткуп ја обвинуваат Божествена во измама, перење пари, заговори и мито. Компанијата, пак, поднесла граѓанска тужба против својот поранешен вработен, тврдејќи дека Дивајн тоа го правел неколку години при што од нелегалните активности добил мито во износ од повеќе од милион долари.Дивајн е притворен и во понеделник ќе биде зиведен пред судот, пренесува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Џонсон: Европа би ја нападнала Русија, но нема оружје за тоа
Европските земји сакаат да ја нападнат Русија, но им недостасуваат ресурси за тоа, изјави поранешниот аналитичар на ЦИА, Лари Џонсон, на YouTube.
„Верувам дека е малку веројатно Европа да предизвика директна војна со Русите, бидејќи Европа нема таква можност. Не се сомневам дека имаат желба. Тие би сакале да ја нападнат Русија и чувствуваат дека можат да ѝ нанесат штета. Но, реалноста е дека немаат оружје и искуство да го користат. Тие имаат доволно огнена моќ да запалат оган за кој тие би биле гориво“, објасни експертот, објави Спутник.
Тој потсети на ризикот на кој би се изложиле земјите од Европската Унија доколку навистина се осмелат да ја нападнат Русија.
„Русија, освен ако не биде нападната, нема да изврши превентивни напади врз Европа под никакви околности. Но, ако биде нападната, Русија ќе одговори на таков начин што ќе предизвика огромна болка и страдање на Европа“, нагласи Џонсон.
Фото: принтскрин
Свет
Пирати се качиле на танкер во Сомалија
Пирати се качиле на танкер под малтешко знаме во близина на брегот на Сомалија, соопшти компанијата за поморска безбедност „Амбреј“, пренесе Ал Арабија.
Според соопштението, пиратите се приближиле со глисер и отвориле оган врз танкерот, делувајќи од киднапиран ирански брод. Пловилото пловело од Индија кон Дурбан, Јужна Африка.
Британската агенција УКМТО во посебно соопштение објави дека непознати лица се качиле на друго пловило југоисточно од градот Ејла во Сомалија. Засега не е познато дали се работи за ист инцидент.
Регион
Ја уби својата партнерка, па нејзиното тело го скри во замрзнувач: српската полиција го фати 43-годишниот убиец
Полицијата во Лесковац го уапси Д.Д. (43) од Печењевац, осомничен за тешко убиство на неговата 36-годишна партнерка. Тој е осомничен дека ја убил на 2 ноември во семејната куќа, по што избегал. Му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава, пишува српски Телеграф.
Злосторството што ја потресе Србија беше откриено кога полицијата го пронајде телото на Катарина Глигоријевиќ скриено во замрзнувач. Нејзиниот вонбрачен партнер, Далибор Демировиќ, веднаш беше осомничен за нејзиното убиство.
Во времето на неговото бегство, Демировиќ наводно бил во домашен притвор со електронски мониторинг за друго кривично дело.
Тој бил ставен во домашен притвор за напад врз службено лице, полицаец, врз кого наводно фрлил ограда од тераса. Сепак, локалните жители се сомневаат во оваа верзија.
фото: принтскрин

