Свет
Убиени шест лица во пресметка на нарко бандите во Мексико
Телата на шест млади лица со голем број куршуми биле пронајдени во зграда во мексиканското летувалиште Акапулко, соопштуваат мексиканските власти, а како причина го наведуваат ривалството помеѓу нарко бандите
Пронајдени се тела на шестте млади помеѓу 20 и 25 години и едно тешко повредено лице, соопштија властите на држвата Гереро.Во Акапулко и околните области, како и други области на Гереро, владее борба помеѓу нарко бандите за контрола на територијата.Во војната за контрола на пазарот на дрога и војската од декември 2006 година загинале околу 28.000 лица кога на власт дојде претседателот Фелипе Калдерон.По доаѓањето на власт, Калдерон започна остро борба против нарко картелот како приоритет на државата.Полицијата се приклучи со 50.000 војници во напорите за борба против насилството, но конфликтите со нарко бандите секоја година се покрвави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Џонсон: Европа би ја нападнала Русија, но нема оружје за тоа
Европските земји сакаат да ја нападнат Русија, но им недостасуваат ресурси за тоа, изјави поранешниот аналитичар на ЦИА, Лари Џонсон, на YouTube.
„Верувам дека е малку веројатно Европа да предизвика директна војна со Русите, бидејќи Европа нема таква можност. Не се сомневам дека имаат желба. Тие би сакале да ја нападнат Русија и чувствуваат дека можат да ѝ нанесат штета. Но, реалноста е дека немаат оружје и искуство да го користат. Тие имаат доволно огнена моќ да запалат оган за кој тие би биле гориво“, објасни експертот, објави Спутник.
Тој потсети на ризикот на кој би се изложиле земјите од Европската Унија доколку навистина се осмелат да ја нападнат Русија.
„Русија, освен ако не биде нападната, нема да изврши превентивни напади врз Европа под никакви околности. Но, ако биде нападната, Русија ќе одговори на таков начин што ќе предизвика огромна болка и страдање на Европа“, нагласи Џонсон.
Фото: принтскрин
Свет
Пирати се качиле на танкер во Сомалија
Пирати се качиле на танкер под малтешко знаме во близина на брегот на Сомалија, соопшти компанијата за поморска безбедност „Амбреј“, пренесе Ал Арабија.
Според соопштението, пиратите се приближиле со глисер и отвориле оган врз танкерот, делувајќи од киднапиран ирански брод. Пловилото пловело од Индија кон Дурбан, Јужна Африка.
Британската агенција УКМТО во посебно соопштение објави дека непознати лица се качиле на друго пловило југоисточно од градот Ејла во Сомалија. Засега не е познато дали се работи за ист инцидент.
Регион
Ја уби својата партнерка, па нејзиното тело го скри во замрзнувач: српската полиција го фати 43-годишниот убиец
Полицијата во Лесковац го уапси Д.Д. (43) од Печењевац, осомничен за тешко убиство на неговата 36-годишна партнерка. Тој е осомничен дека ја убил на 2 ноември во семејната куќа, по што избегал. Му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава, пишува српски Телеграф.
Злосторството што ја потресе Србија беше откриено кога полицијата го пронајде телото на Катарина Глигоријевиќ скриено во замрзнувач. Нејзиниот вонбрачен партнер, Далибор Демировиќ, веднаш беше осомничен за нејзиното убиство.
Во времето на неговото бегство, Демировиќ наводно бил во домашен притвор со електронски мониторинг за друго кривично дело.
Тој бил ставен во домашен притвор за напад врз службено лице, полицаец, врз кого наводно фрлил ограда од тераса. Сепак, локалните жители се сомневаат во оваа верзија.
фото: принтскрин

