Контакт

Свет

Заложничка криза во турската амбасада во Тел Авив

Објавено пред

(проширено)Се уште не е потврден идентитето на напаѓачот што во заложништво земал членови на турската амбасада во Тел Авив, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на официјална изјава на портпаролот на израелското министерство за надворешни работи

dobivaj vesti na viber

Труската новинска агенција Anatolija пренесува дека обезбедувањето на амбасадата го заробила напаѓачот, за кој се додава дека е Палестинец.Меѓутоа, израелски официјални извори не можат да го потврдат тоа, освен дека од територијата на амбасадата претходно се слушнале истрели, пренесува Associated Press.„Станува збор за заложничка ситуација“, изјавил за Associated Press портпаролот на израелското министерство за надворешни работи, Југал Палмор.  Тураските новински агенции во продолжение известуваат дека напаѓачот е идентификуван како Надим Инјаз, Палестинец од Западниот брег кој и пред четири години предизвикал сличен инцидент кога во амбасада на друга држава сакал да побара азил..Во телефонски повик до телевизијата Channel 2 , тој рекол:  „Имам двајца заложници“, рекол на хебрејски. „Ќе ја кренам во воздук абасадата“.Во повикот до Channel 2, Инјаз рекол и дека :„Ако не ми дозволат да ја напушпштам оваа земја, ќе ја запалм целата зграда. Ќе запалам се. Ќе ги запалам автомобилите, се ќе сикршам.”Тој потврдил дека бара азил и заштита од „овие убијци ционисти, убијци Евреи“. Истовремено тој рекол и дека и некои палестински лидери меѓуи кои и палестинскиот претседател Махмуд Абас „треба да умрат“ .

Како што пренесува Associated Press повикувајќи се на локални медиуми, меѓу заложниците не се наоѓаат, турскиот кознул и неговата сопруга кои успеале да побегнат.Претходно човек бил убиен во престрелка во близина на амбасадата на Турција во Тел Авив, соопшти полицијата.Израелските медиуми објавија дека вооружен Палестинец задржал за заложници двајца службеници на амбасадата. Тој побарал политички азил во Турција, затоа што бил баран од палестинските и од израелските служби за безбедност.„ Едно лице се соблече од неразјаснети причини на улица до амбасадата на Турција во Тел Авив и беше застрелан од напаѓач, кој потоа избега“ изјавил  портпаролот на зираелската полицијата.Израелското радио јавило дека израелски Арап, кој најверојатно бил психичко растроен, побарал да влезе во турската амбасада и извршил недолично однесување или провокација. Тогаш од вториот кат на амбасадата бил истрелан куршум и човекот бил ранет во ногата. Според агенциите во амбасадата успеал да влезе ранет човек.„Непознато лице влегло на територијата на амбасадата на Труција во Израел и таму отворило оган“, објави попладнево прес-службата на израелската полиција.„До овие поменти на полицијата не и е дозволен пристап на територијата на турската амбасада. Податоци за жртви и ранети немаме“, изјавил, портпаролот на полицјата Алекс Кагаслки. Односите меѓу Турција и Израел се влошени по инцидентот од 31 мај кога израелската армија итнервенирашена еден од бродовите на конвојот „Флотила на слободата“ која се обидуваше да ја пробие поморската блокада за Појасот Газа и да достави хуманитарна помош. Тогаш беа убиени девет турски државјани. Турскиот парламент веднаш побара од премеирот Реџеп Таим Ердоган да ги прекине односите со Израел, кој беше долгогодишен стратеки партнер на Турција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Растот на платите во Еврозоната се забавува: „Ќе биде помал од 3 проценти“

Објавено пред

Европската централна банка (ЕЦБ) денес објави дека растот на договорните плати во Еврозоната во 2026 година ќе остане умерен и ќе изнесува помалку од три проценти до крајот на 2026 година, што укажува на нормализација на притисокот врз заработката.

dobivaj vesti na viber

Според ЕЦБ, договорните плати, вклучувајќи ги и еднократните плаќања (како што се бонуси или надоместоци поради инфлација), се зголемиле за 3,2 проценти во 2025 година, додека се очекува зголемување од 2,4 проценти во 2026 година.

Ако се исклучат еднократните плаќања од пресметката, се очекува платите во Еврозоната да пораснат за 2,7 проценти во 2026 година, со постабилно и поумерено темпо отколку во претходните години. Податоците покажуваат дека во првата половина од 2026 година, договорените плати ќе се зголемат за околу 2,1 процент, додека во втората половина се очекува раст од 2,7 проценти, бидејќи ефектите од големите еднократни плаќања од претходните години постепено се намалуваат.

Европската централна банка, исто така, забележува дека притисокот врз платите сè повеќе се изедначува меѓу различните земји од еврозоната.

Податоците опфаќаат околу една третина од вработените во земјите од еврозоната, и даваат добар увид во трендовите на платите, но ЕЦБ забележува дека нејзиниот извештај не е прогноза, туку одраз на моменталната состојба во колективните договори.

Прикажи повеќе...

Свет

Шојгу: НАТО создава отскочна даска за воена агресија по должината на руската и белоруската граница

Објавено пред

НАТО создава отскочна даска за воена агресија по должината на руската и белоруската граница, изјави денес секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу.

dobivaj vesti na viber

Тој во интервју за руските медиуми изјави дека клучните инструменти за обезбедување стратешка стабилност се уништени и дека тоа не е вина на Русија.

„Ова е резултат на намерни и систематски дејствија на западните земји“, рече Шојгу, објави Спутник.

Шојгу предупреди против зголемувањето на военото присуство на НАТО по должината на западните граници на земјите од Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), во близина на Русија и Белорусија.

„Европските земји тргнаа по патот на милитаризација, и покрај тешката економска ситуација. Военото присуство на НАТО се зголемува, а се зголемува и бројот на провокации во воздух и на море“, нагласи Шојгу.

Тој оцени дека заканата од дестабилизација во Иран, како и ситуацијата на таџикистанско-авганистанската граница, се фактори што влијаат на безбедноста на ОДКБ. „Проблеми сè уште постојат на јужните граници.

Ова вклучува, пред сè, напнатата ситуација на таџикистанско-авганистанската граница, каде што редовно се регистрираат нелегални преминувања на границата, што често резултира со вооружени конфликти со таџикистанските граничари, како и заканата од дестабилизација во Иран“, изјави Шојгу.

Тој, исто така, ја истакна зголемената улога на ОДКБ, Заедницата на независни држави (ЗНД), Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) и Шангајската организација за соработка (ШОС) во безбедноста.

„Полека, но сигурно, се гради заедничка евроазиска безбедносна архитектура, иако засега, сепак, без западниот дел од континентот, каде што суверенитетот на повеќето држави е, на пример, ограничен“, оцени Шојгу, пренесува Танјуг. Тој истакна дека е потребно „активно да се работи на развојот на силите и средствата на колективниот безбедносен систем“.

Прикажи повеќе...

Свет

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Објавено пред

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата на недвижен имот во сопственост на Европската Унија, пренесуваат светските медиуми.

Акцијата е спроведена наутро, а опфатила неколку објекти на Комисијата, вклучувајќи го и одделот задолжен за буџетот, објавува Фајненшл тајмс (FT).

Истрагата, според написите, се однесува на продажба на недвижен имот на Европската Унија, која е спроведена за време на претходниот мандат на Европската комисија, кога Јоханес Хан бил задолжен за буџетот.

Според изворите, предмет на проверката е трансакција од 2024 година, кога 23 згради биле продадени на белгискиот државен инвестициски фонд SFPIM за вкупно 900 милиони евра.

Постапката ја води Европското јавно обвинителство (EPPO), одговорно за кривични дела што им штетат на финансиските интереси на Европската Унија.

Портпаролката на организацијата, Тине Холвет, потврди дека активностите за собирање докази се во тек, но нагласи дека не може да даде дополнителни информации за да не се загрози текот на истрагата.

Белгиската федерална полиција и OLAF, европската канцеларија за борба против измами, одбија да коментираат за случајот.

Белгискиот фонд SFPIM исто така не одговори на барањата на медиумите, додека истрагата продолжува без официјални обвиненија или заклучоци.

Јоханес Хан беше задолжен за управување со буџетот на Европската Унија до 2024 година, а по завршувањето на неговиот мандат, беше назначен за специјален претставник на ЕУ за Кипар.

Претходно ја извршуваше функцијата европски комесар за проширување од ноември 2014 до ноември 2019 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија4 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија7 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија7 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија8 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија9 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија9 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ11 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа12 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет12 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа13 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа13 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион13 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет14 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија23 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија1 ден

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија1 ден

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија1 ден

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ1 ден

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...