Контакт

Свет

Севернокорејски авион се урна во Кина

Објавено пред

Севернокорејски авион, кој можеби е борбен се урна во Кина, известуваат јужнокорејските медиуми. Несреќата се случила вчера попладне, во провинцијата Лионинг

dobivaj vesti na viber

Се претпоставува дека пилотот, кој е убиен, се обидел да дезертира во Русија, наведуваат неименувани извори за BBC.Вакви илегални бегства од Северна Кореја, кон други земји се чести, но со авион се невообичаени и како што пишува BBC, тоа претставува срам за Пјонгјанг.Дека станува збор за севернокорејски авион, покажуваат фотографиите што ги направил локален жител, а на кои се гледа севернокорејско знаме на опашката од авионот.Воени експерти велат дека станувало збор за авион од типот Миг-15, модел што се користел за време на Корејската војна од 1950-1953 година.Иако технички Северна и Јужна Кореја се потпишаа договор за прекин на огнот, границата меѓу нив е една од најмилитизираните зони во светот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откако е ослободен од Хамас

Објавено пред

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати со своето семејство во Израел, откако помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во Газа.

dobivaj vesti na viber

Дваесет и едногодишниот Александар служел во израелската армија на границата со Газа кога бил заробен од членови на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во понеделникот, Израел ги прекина воените операции во Газа на неколку часа за да се овозможи негова размена. Висок функционер на Хамас изјави за Би-би-си дека ослободувањето на заложниците е „гест на добра волја“ како дел од напорите за постигнување нов прекин на огнот, пред пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток во вторник.

Се верува дека Александар е последниот жив американски државјанин држен во заробеништво од Хамас.

Претседателот Трамп му честиташе на неговото семејство за ослободувањето.

Телевизиските снимки го покажуваат Едан Александар како насмеано ги прегрнува своите родители и браќа и сестри во израелска воена база.

Во изјава за медиумите, неговото семејство му се заблагодари на американскиот претседател, но исто така ги повика израелската влада и преговарачите да продолжат да работат на ослободување на преостанатите 58 заложници.

Александар е првиот заложник ослободен од Хамас откако Израел ги продолжи воените операции на 18 март по двомесечното примирје.

Прикажи повеќе...

Европа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Објавено пред

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тие му се заканија на претседателот Владимир Путин со нови „масивни“ санкции доколку не се придржува до договорот.

dobivaj vesti na viber

ЕУ му постави ултиматум на Путин да се согласи на 30-дневен прекин на огнот од полноќ или да се соочи со значително построги санкции. Кина, исто така, го поддржа планот.

Русија не се огласи по ова прашање до полноќ.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Телескоп на НАСА ја сними поларната светлина на Јупитер

Објавено пред

Впечатливите поларни светлини на Јупитер се стотици пати посветли од оние на Земјата, откриваат нови слики од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, објави Асошиејтед Прес.

dobivaj vesti na viber

На најголемата планета во Сончевиот систем, се гледа импресивен светлосен феномен како „танцува“ кога честички со висока енергија од вселената се судираат со атоми на гас во атмосферата во близина на магнетните полови на планетата.

Аурорите на северната и јужната светлина на Јупитер и Земјата (aurora borealis и aurora australis) се движат од истиот механизам – честички со висока енергија што Сонцето ги исфрла за време на сончевите бури. Но, аурорите на Јупитер се уште поинтензивни бидејќи силното магнетно поле на планетата, исто така, ги заробува честичките исфрлени во вселената од џиновските вулкани на нејзината месечина Ио.

Телескопот Веб претходно го сними сјајот на аурорите на Нептун со највисока резолуција досега, децении откако тие беа првпат слабо видливи за време на прелетот на Војаџер 2.

Телескопот го снимил феноменот на аурора користејќи специјална камера во близок инфрацрвен спектар. Набљудувањето на Јупитер беше спроведено на 25 декември 2023 година, а го водеше тим научници предводен од Џонатан Николс од Универзитетот во Лестер во Обединетото Кралство. Резултатите од истражувањето беа објавени денес во научното списание „Nature Communications“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откако е ослободен од Хамас

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати со своето семејство во Израел, откако помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во...

Европа13 минути

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка...

Македонија9 часа

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет11 часа

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет12 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија18 часа

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија19 часа

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија19 часа

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија20 часа

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет21 час

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет21 час

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија24 часа

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа1 ден

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет1 ден

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...

Свет1 ден

Зеленски согласен в четврток во Истанбул да се сретне со Путин за крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е согласен в четврток во Истанбул да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за...

Македонија1 ден

Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство. „При вршење...

Македонија1 ден

Невреме со град, дожд и грмотевици вечерва во Струмица: поплавени улици, паднати дрвја и делови од градот без струја

Откорнати дрвја, поплавени улици и делови од центарот без струја е билансот од невремето со град, дожд и грмежи вечерва...

Топ1 ден

Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу...

Свет2 дена

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така...

Македонија2 дена

(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. „На 10.05.2025 во 23.30...