Свет
Русите го ликвидираа организаторот на нападите во московското метро
Во операција на припадници на руската федерална безбедносна агенција ФСБ во Дагестан бил ликвидиран водачот на дагестанските бунтовници Могамедали Вагабов, кој е осомничен за организирање на терористичките напади во московското метро
Оваа информација ја пренесува агенцијата РИА Новости повикувајќи се на разговор со претставник на безбедносните сили на федералниот Севернокавкаски округ „Како резултат на преземените дејствија, во селото Гуниб, заврши сложената операција за апсење на водачот на бандитите во Дагестан, Магомедали Вагабов. Операцијата беше спроведена од припадници на специјалните единици на ФСБ на Руската федерација“, изјавил соговорникот на агенцијата..Според него, ова е уште еден голем успех за руските тајни служби во борбата против исламистичките бунтовници во Северен Кавказ.Изворот на агенцијата додал дека по Вагабов тајните служби трагале речиси две години, но тој секогаш досега успевал да ги избегне заседите.Вагабов кој потекнувал од селото Губден во кое е ликвидиран, од пред неколку години бил баран со меѓународна потерница. Една од бомбашките самоубијци во московското метро од 29 март, Марјам Шарипова била негова ткн. „шеријатска жена“, рекол изворот на РИА Новости.Во двете експлозии од 29 март годинава во времето на утринскиот сообраќаен шпиц во московското метро двете ткн/ „чеченски црни вдовици“ на станиците „Љубјанка“ и „Паркот на културата“ убија 40 а ранија околу 160 лица.Според инфроамациите на агенцијата Интерфакс во престрелката со руските специјални единици загинале и четворица соработници на Вагабов. Куќата во која престојувала група се запалила за време на судирот, информираат од тамошната полиција.Вагабов бил втор во командната хиерархија на движењето „Кавкаски емират“, соопштија од рускиот антитерористички комитет.Според сознанијата на руските власти, Вагабов бил организатор на самоубиствениот бомбашки напад во московското метро, активно бил вклучен во регрутирањето на младинци во движењето и организизрал обуки за бомбаши-самоубијци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.

