Свет
Нова германска „Мајн кампф“
Навредите, шовинизмите и расизмот во книгата „Германија се оддалечува од себе“ на Тило Сарацин, член на Народната банка на Германија, наликуваат на оние од „Мајн Кампф“ на Хитлер
Нов Хитлер или балкански шовинистички тип во срцето на германскиот монетарен систем. Или, пак, можеби човек кој го кажува она што повеќето Германци го мислат за муслиманите, евреите, воопшто странците во Германија. Кој како го гледа Тило Сарацин, членот на одборот на директори на Бундесбанката (Народна банка на Германија), така го коментира неговото однесување. Тој пак, самиот вели дека е „човек на бројките, а не антисемит“. Неговата книга „Германија се оддалечува од себе“, издадена предминатиот понеделник, веќе една недела предизвикува жестока дебата во Германија. Вчера, дури и канцеларката Ангела Меркел ги осуди неговите изјави.За нас, навикнати да ги слушаме балканските национал-шовинисти и другите ширачи на омраза од типот на бугарскиот министер Божидар Димитров или пак Андонис Самарас, шефот на Нова Демократија е посебно интересно однесувањето на овој инаку ценет банкар во Германија бидејќи наликува на најдолна балканштина или уште полошо – нацизам.Неделникот „Дер Шпигел“ ги издвои 18-те најекстремни изјави на Сарацин. Пренесуваме дел од нив:„Берлин е оптоварен со два камена. Едниот е генерацијата од 1968 година, а другиот е нечистотијата на западен Берлин.“„Турците ја преземаат Германија исто како што Косоварите го презедоа Косово – преку високиот наталитет. Не би ми пречеле Евреите од источна Европа, ако имаа најмалку 15 отсто повисока интелегенција од германската популација“ (изјава дадена на дебата за наталитетот во Германија)„Поголемиот број на Арапи и Турци во Берлин немаат друга функција освен во трговијата со овошје и зеленчук“„Не морам да го почитувам секој што живее од социјална помош, а ја одбива државата, не прави доволно за образованието своите деца и произведува мали девојчиња завиткани во шамии“„Примачите на Харц 4 (назив на програмата за социјална помош во Германија), денеска добиваат повеќе пари одколку што заработуваа касапите во старите времиња.“„Ние, во просек, стануваме поглупи по природен пат“ (изјава за време на дебата за падот на бројката на образовани како последица на големиот број имигранти од арапските земји и Турција)„Не сакам земјата на моите внуци да биде муслиманска или пак Турскиот и Арапскиот јазик да се зборува во пошироки региони, жените да носат шамии преку лицето, а дневниот ритам да го определува пеењето на оџата. Ако сакав да го искусам тоа ќе одев на одмор во Оринетот“.„Сите сте серковци“ (кон студентите што му дошле на посета во кабинетот)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тринаесетгодишно момче нападна двајца врсници во Лондон со нож: уапсен е во џамија
Тринаесетгодишно момче уапсено под сомнение дека избодел двајца ученици во средното училиште Кингсбери во Лондон е поранешен ученик во училиштето, потврди полицијата. Двајцата нападнати ученици, на возраст од 12 и 13 години, се префрлени во болница и се во сериозна состојба. Настанот не се третира како терористички напад, пишува „Скај њуз“.
Главната началничка Хелен Фланаган им изјави на новинарите дека се верува дека осомничениот тинејџер, британски државјанин, влегол во училишната зграда во Брент, северозападен Лондон, и се упатил кон училница на првиот кат.
„Тој влегол во училницата и веруваме дека додека влегувал низ вратата, испрскал ученик со некоја супстанца“, рече Фланаган.
„Потоа осомничениот нападнал друг ученик во училницата, 13-годишник, и го избодел. Потоа избегал, трчајќи по училишниот ходник“, додаде таа. „Додека бегаше, тој нападнал друга жртва, 12-годишно дете, кое исто така го избодел пред да избега од училиштето“, рече таа.
Уапсен во џамија
Полицијата и службите за итни случаи биле повикани околу 12:40 часот, а по обемна потрага, осомничениот бил уапсен кратко по 18 часот. Според началникот Фланаган, дојавата од јавноста била клучна. „Еден граѓанин се јавил во полиција околу 16:50 часот, загрижен за тинејџер што го видел во џамија во северозападен Лондон“, објасни таа.
„Полициските службеници брзо пристигнале и уапсиле 13-годишно момче под сомнение за обид за убиство. Тој останува во притвор. Во овој момент, не веруваме дека осомничениот има каква било посебна врска со џамијата и веруваме дека веројатно бил таму случајно. Сите во џамијата дадоа огромна поддршка на истрагата“, рече Фланаган.
Иако нападот го истражуваше полицијата за борба против тероризмот вчера, инцидентот не е прогласен за терористички инцидент, соопшти полицијата. Во писмо до родителите, директорката на училиштето изјави дека станува збор за „длабоко трауматичен настан за целата училишна заедница“. Министерката за внатрешни работи го опиша нападот како „шокантен“.
Свет
Зеленски: Првпат слушам за 24 февруари како датум на избори во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави, коментирајќи ги извештаите на некои медиуми, дека за прв пат слушнал оти датумот на изборите во Украина може да биде 24 февруари и нагласи дека одржувањето на изборите зависи од безбедносната состојба.
Како што објави Укринформ, претседателот на Украина го кажа ова на новинарите коментирајќи ја информацијата на „Фајненшл тајмс“ за наводната намера да се објави датумот на претседателските избори и референдумот за територијален интегритет на 24 февруари.
„Во врска со изборите и намерата да се објави датумот на 24-ти, ова е прв пат што го слушам тоа. Веројатно првпат го слушнав од „Фајненшл тајмс“. Сега го слушам од вас по втор пат. Второ, многу пати зборував за изборите – ќе дојдеме до нив кога ќе ги има сите потребни безбедносни гаранции“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Претседателот на Украина додаде дека прашањето за избори повремено го поставуваат некои партнери, но дека Украина никогаш самата не го иницирала ова прашање.
„Без сомнение, ние сме подготвени за избори. Јас го кажав тоа: само обезбедете прекин на огнот – ќе има избори. Тоа е безбедносно прашање“, додаде тој.
Зеленски, исто така, изјави дека САД ја покренале темата за изборите, но не сакаше да даде детали.
Фајненшл тајмс, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Украина се подготвува за претседателски избори и референдум за мировен договор со Русија, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара организирање на гласањето до 15 мај, заканувајќи се во спротивно дека ќе го условува Киев со негирање на безбедносните гаранции, пренесуваат медиумите.
Свет
Макрон: Единственото решение е Европа да стане независна сила
Францускиот претседател Емануел Макрон денес во Антверпен изјави дека „единственото“ решение за економските закани што ги претставуваат Кина и Соединетите Американски Држави е Европа да стане независна сила.
„Ни треба нова скала и нова брзина во нашиот пристап за да се стави крај на фрагментацијата што ја ослабува и ризикува да ја понижи Европа“, им рече Макрон на бизнис лидерите во Антверпен, Белгија, објавија француските медиуми.
Францускиот претседател повторно ја лансираше идејата за „еврообврзници“, заеднички европски обврзници за финансирање на големи инвестиции и Европа да остане конкурентна со Пекинг и Вашингтон.
„Ако сакаме да инвестираме доволно во одбраната и вселенската безбедност, чистите технологии, вештачката интелигенција и квантното пресметување и да ја трансформираме нашата продуктивност и конкурентност, единственото решение е да се издаде заеднички долг“, додаде Макрон.
Оваа идеја за заеднички европски долг ја застапува Франција со години, но други земји, вклучително и Германија, постојано ја отфрлаат.
„Никогаш не сме живееле во ваков период. Затоа, мора да прифатиме преземање клучни мерки што не се многу вообичаени во традиционалните европски алатки за мерки“, рече Макрон.
Францускиот претседател рече дека Европа е во вонредна ситуација и додаде дека сите треба да бидат свесни за ова бидејќи наскоро ќе биде предоцна.
Макрон, исто така, ги повика земјите кои се подготвени да ги спроведат реформите на единствениот европски пазар предложени од Комисијата, да ја зајакнат соработката, со цел што поскоро да се постигне напредок.

