Свет
Нова нафтена дамка се шири во Мексиканскиот залив
Американската крајбрежна стража соопштила дека по експлозијата 130 км јужно крај Вермилин беј во државата Луизијана од местот на нафтената платформа се ширел тенок слој нафтена дамка кој бил широк километар ипол, пренесува Associated Press
Бродскиот офицер Кејси Ранел за новинарите изјавил дека експлозијата била приајваен во 9/30 часто по локално време и дека на местото од несреќата биле испратени седум хеликоптери ,два авиона и четири бродови.Експлозијата се случила на нафтена платформа во Мексиканскиот залив, при што 13 лица беа исфрлени во морето и сите се пронајдени а едено од нив е повреден.Платформата се наоѓа на околу 130 километри јужно од Вермилин Беј во државата Луизијана.„Тринаесетте лица се пронајдени. Сите носеа заштитна облека во случај на потопување, која ги штити во водата”, објасни претставникот на крајбрежна заштита Џон Едвардс за телевизија MSNBC.Четири брода на крајбрежна заштита во сопственост на компанијата Mariner Energy, пловат кон платформата.Инцидентот се случува околу четири месеци по тонењето на платформата Дипвотер хорајзон исто така во Мексиканскиот залив. Во инцидентот тогаш загинаа 11 лица и се создаде најголемата нафтена дамка во историјата на САД.Платформата се наоѓа 180 километри јужно од Вермилион, на брегот на сојузната држава Луизијана. Работат на платформата биле извршувани на длабочина од 750 метри. Американското министерство за национална безбедност објави дека истражувањата и процесот на производство на нафта и гас биле запрени. Во меѓувреме, AP објави дека капацитетот на платформата изнесувал 4,2 илјади галони нафта.Раул Лебланк, претставник на енергетската компанија PFC Energy, која всушност претставува консалтинг во енергетскиот сектор, изјавил дека имало „инцидент на иднустрискиот дел, но не станува збор за нафтеното поле”.„Малку е веројатно дека овој инцидент ќе има долгорочни последици за производството на нафта во Мексиканскито залив“, изјавл Лебланк за Reuters.На крајот на април во Мексиканскиот залив во близина на брегот на Луизијана, по експлозија потона платформата Deepwater хоризонтот на British petroleum. По експлозијата беше проследено со 36-часовна пожар, а 11 луѓе загинаа. Нафтата која потоа се прошири по морските води изнесуваше 4.900.000 барели. САД во април прогласија вонредна состојба во Мексиканскиот залив заради најголемата нафтена дамка во историјата на ваквите хаварии на САД.Американските медиуми потсетуваат на катастрофата која во 1989 г. беше предизвикана со потонувањето на танкерот на Exxon „Валдез“ крај брегот на Аласка. Тоа досега е најголемото излевање на нафта од 11 милиони галони. Еxxon до денес има исплатено 4,3 милијарди долари отштети и за чистење на регионот од излеаната нафта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.