Свет
Загинаа четири мексикански политичари
Двајца конгресмени, двајца други политичари и пилот загинале во петокот доцна навечер при пад на мал авион во јужниот дел на Мексико, јави Reuters повикувајќи се на локалните власти
Двајцата членови на мексиканскиот конгрес и двајца локални политичари загинале кога нивниот приватен авион се урнал во близина на популарното летувалиште на Пацификот.Гилермо Завалета и Хуан Хуерта, и двајцата членови на советот на мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон од Национален партија на акцијата (PAN), загинале во несреќа во Хуатулко во државата Оаксака, потврди началникот на државната безбедност, Хавиер Руеда за телевизијата Milenio.Јавниот обвинител на Оаксака, Марија де ла Луз Канделарија за Reuters изјавил дека авионот полетал од аеродром во близина на Мексико Сити и се урнал кратко пред слетувањето во Хуатулко без да дојдат од него сигнали за некакви проблеми. Се претпоставува дека политичарите патувале во Хуаталко на партиски семинари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

