Свет
Најмалку еден загинат во експлозија во рафинерија во Мексико
Во една од главните рафинерии во северно Мексико во вторник дошло до силна експлозија, соопшти државната нафтена компанија Pemex, додека локалните власти соопштиле дека во несреќата нема загинати, но дека најмалку пет лица се тешко повредени, пренесува Reuters
Локалните мексикански медиуми пак известуваат дека седум лица загинале во експлозијата во рафинеријата на Pemex (или Petroleos Mexicanos) Кадерејта, во лбизината на северниот град Монтереј. Од компанијата изјавиле дека таквите информации не можат да ги потврдат, додека, пак, претставник на локалните служби за вонредни состојби за мексиканското државно радио рекол дека нема загинати. Гилермо де Леон, првиот човек на службата за цивилна заштита во Монтереј, изјавил дека има пет тешко повредени работници.Како што пренесува Associated Press повикувајќи се на извор од компанијата, во експлозијата има еден загинат работник и десет се потешко повредени.Изворот ја идентификувал жртвата како 32-годишниот Хуан Санчез Паз, оперативен инженер беше убиен во експлозија во билзината на поголемиот северен град Монтереј. Според истиот соговорник на агенцијата, двајца други работници се хоспитализиратни со сериозни изгореници, додека другите осум повреденеи не се во животна опасност.Портпаролот на Pemex, Франциско Монтано, во Сиудад Мексико изјавил дека експозијата се случила во делот од рафинеријата каде под висок притисок со експлозивниот водород се отстранува сумпорот од горивото. Според изјавите на сведоци, детонацијата од експлозијата се слушнала во пошироката област околу рафинеријата.Кадерејта е една од најважните рафинерии во Мексико, со капацитет од 235 илјади барели дневно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

