Свет
Нов силен земјотрес во Нов Зеланд
Вториот по големина град во Нов Зелaнд, Крајстчерч, повторно погоден од силен земјотрес
Потресот со јачина од 5,1 степени според Рихтер предизвикал паника меѓу населението кое веднаш излегло од домовите. Локалните власти велат дека ова е еден од посилните земјотреси, по првиот што се случи на 4. септември. Повторно е причинета голема материјална штета, има прекин на електричната енергија, а уништени се и голем број станбени објекти.Според првичните проценки, земјотресот од 4. септември направи штета од две милијарди новозеландски долари. Оштетени се 100 илјади куќи, но за среќа нема жртви. Поради страв од нови потреси училиштата се затворени и се уште на сила е вонредна состојба.Во вторникот серија земјотреси од оки два со магнитуда од 5,4 степени по Рихтер, го потресоа Кристчрч, откако претходно во саботата се случи најсилниот земјотрес во последните 80 години.Иако првично штетите се проценети на најмалку две милијарди новозеландски долари, само неколку лица беа посериозно повредени, а само 250 луѓе беа згрижени во јавните засолништа, бидејќи повеќето од настраданите зсолништа нашла кај роднини и пријатели.Снабдувањето со електрична енерггија и вода е обновено за повеќето домачинства, но властите предупредуваат водата пред употрена да биде провриена.Инаку, професорот од Универзитетот Кантенбери, Марк Квигли во понеделник соопшти дека земјотресот отворил нова раседна линија долга три ипол метри. Земјотресот, според Квигли кој го предводи тимот научници кои по земјотресот вршат мерење и истражувања на ефектот врз почвата, бил предизвикан од сударот на пацифичката и австралиската тектонска плоча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

