Свет
Награден авторот на контроверзните карикатури на Мухамед
Данскиот карикатурист Курт Вестергард, автор на карикатурите на пророкот Мухамед, ја доби медиумската награда на германскиот печат, објави данскиот дневен весник Jyllands-Posten на своeто интернет издание
Во образложението за доделување на оваа значајна медиумска награда, меѓу другото, се истакнува дека му е доделена на Курт Вестергард за „неговиот непомирлив ангажман за јакнење на слободата на мислење и изразување и за неговата храброст да ги брани тие принципи без оглед на смртните закани што ги добивал“.Вестергард ќе ја прими наградата во среда во германскиот град Потсдам, во рамките на една церемонија на која германската канцеларка Анегла Меркел ќе одржи говор.Во јануари данската полиција спречи атентат Вестергард. Сомалиец на 28-годишна возраст вооружен со секира и нож, се обиде да влезе во домот на авторот. Кога 74-годишниот Вестергард го забележал Сомалиецот, веднаш ја алармирал полицијата и се затворил во „безбедната соба“ во неговата куќа. Напаѓачот кој имал дозвола за престој во Данска, бил припадник на сомалиската исламистичка организација Ал Шабаб, која е поврзана со терористилката мрежа Ал Каеда и нејзини акции во источна Африка. Полицијата го следела поради врски со исламистичи групи.Вастергор стана познат во септември 2005 г. кога весникот Jyllands-Posten објави негови карикатури со ликот на пророкот Мухамед, кои предизвикаа гнев меѓу муслиманите и го прогласија за муртед, односно човек кој може каде и да е и кога и да е да биде убиен, а тој што ќе го изврши убиството ќе биде почестен. Јануарскиот, беше 12-ти обид за убиство на Вастергор во последниве четири години.Во Данска, муслиманската заедница претставува околу 3 отсто од 5,5 милионското население.Во муслиманската верска традиција се смета дека секој опис на Пророкот е навредлив. Во 2006 г. други весници повторно објавија карикатури со пророкот Мухамед, што предизвика насилство во голем број земји. Три дански амбасади беа нападнати и најмалку 50 луѓе беа убиени во немирите на Блискиот Исток, во Африка и Азија. Неколку млади муслимани се осуден во Данска под обвинение дека планирале бомбашки напади, делумно во знак на протест на карикатури.Во 2008 г., водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен се закани дека Европа ќе биде казнета за објавување на карикатурите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.