Свет
Интерпол предупреди дека спалувањето на Куранот може да предизвика напади
Меѓународната полициска агенција Интерпол по барање на Пакистан ги предупреди во четврток светските влади на зголемен ризик од напади врз цивили доколку се оствари запалувањето на муслиманската света книга што го најави налудничавиот американски пастор
Тери Џонс е водач на една мала протестантска заедница со околу триесетина припадници во Џејнсвил на Флорида кој најави дека ќе спалува стотина примероци од Куранот во сабота на деветгодишнината од нападите на 11-ти септември кој годинава се совпаѓа со третиот ден од големиот муслимански празник Рамазан бајрам.„Ако се спроведе како што е најавено спалувањето на Куранот што го предлага пасторот од САД се спроведе, , тогаш постои гоелам веројатност да селдата напади врз невини луќе“, стои во сопштението на Интерпол во кое се нагласува дека е објавено по барање на Пакистан.Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рехман Малик побара од агенцијата да ги предупреди националните полиции на „зголемена терористичка закана“ доколку во сабота се случи спалувањето на Куранот. Генералниот секретар на Интерпол, Роналд К. Нобл изјавил дека нема конкретни информации за облиците на нападите, но предупредува дека запалувањето на Куранот би имало „трагични последици“, пренесува AFP. Кон крајот на јули минорната христијанска конгрегација во американската сојузна држава Фолорида пласираше на Фејсбук една од најналудничавите идеи – да се прогласи меѓународен ден на спалување на Куранот.Оваа групичка чудаци, односно верска заедница, барем така вербално се претставуваат, наречена Dove World Outreach Center ја пласира оваа теза само еден месец откако го пласираше слоганот „Не сакаме хомосексуалец за градоначалник“. Според, нив со „Меѓународниот ден на спалување на Куранот“ би се одбележал 11-ти сепмтеври 2001 г., односно нападите врз САД со киднапирани авиони зад кои стоеше Ал Каеда. Оваа „црква“ и нејзиниот главен пастор Тери Џонс тврдат дека исламот е „насилана и угнетувачка религија која се обидува да се претстави како религија на мирот и со тоа да го мами нашето општество“.Американските медиуми забележуваат дека оваа зедница и порано изјавувала контроверзни антиисламски ставови, па така на пример, минатата година поставиле знак „Исламот е за ѓаволот“, идентичен со насловот на книгата на пасторот Џонс во која тој наведува „десет практични причини“ зашто треба да се спалува Куранот. Црквата формирала и група на Фејсбук која има околу илјада членови на каја се постирани и многу антисламистички фотографии. Џонс и следбениците главно се насочени против исламот, но ги напаѓаат и хомосексуалците. Во градчето Џејнсвил неодамна градоначалник стана Грег Ловли кој јавно призна дека е хомосексуалец, а Џонс веднаш реагираше дека на денот на неговата инаугурација ќе организира протести под мотото „Не сакаме хомосексуалец за градоначалник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

