Свет
Кучиња трагаат по телата на загинатите во експлозијата во Калифорнија
Како што пренесува Fox News, се’ уште трае потрагата по евентуални жртви или преживеани во експлозијата на гасоводот во ридестата област над Сан Франциско во која загинаа најмалку шест лица и 53 се повредени
CNN во извештајот од петок навечер наведува изјава на припадник на спасувачките екипи кој вели дека постои оправдано страхување дека бројката на загинати е поголема, па затоа на теренот кој се претражува биле изведени и кучиња трагачи. Како што јавува телевизијата, пожарникарите се’ уште не го локализирале пожарот, ниту се приближиле пишува о главната причина за експлозијата. Причина за тоа е и што притисокот на водата околу пожарот бил низок бидејќи огнот извршил декомпресија на главниот водовод, ап пожарникарите ја употребуваат само водата од пожарникарските возила. Покрај шесте потврдени загинати и 52 повредени лица, во страшната експлозија се уништени 53 куќи а 120 објекти биле оштетени. Повеќе лица биле со тешки изгореници и нивната ситуација била критична пренесува телевизијата повикувајќи се на болнички извори. Се’ уште нема официјална бројка на исчезнати лица, а повеќемина изјавиле дека не можат да дојдат до нивните роднини, особено постари лица. Компанијата Pacific Gas and Electric CO што го снабдувала со гас градот Сан Бруно, соопшти дека пукнал нивниот гасовод од што дошло до експлозијата од која настанал огромен кратер и избил пожар во неколку преградија. Компанијата ја презема одговорноста и најави дека ќе и исплати сите настанати штети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

