Свет
Медведев: парламентарната демократија би била катастрофа за Русија
Парламентарната демократија би била катастрофална за Русија, изјави претседателот Дмитриј Медведев, со што ја истакна и а својата недоверба кон западните политички системи, пренесува News chanel Asia
Рускиот претседател Дмитриј Медведев, за кого либералите во земјата се надеваа дека ќе се покаже како голем политички реформатор, ова го изјави пред меѓународните експерти собрани на конференцијата во градот Јарослав на реката Волга. Тој истакна и дека рускиот систем на владеење нема потреба од некои големи промени. „Нема потреба од радикални промени. Не дека не е дозволено, едноставно нема потреба“, беше јасен Медведев. Медведев рече дека Русија не сака систем како тој на Киргистан, кој треба да избере силен парламент во октомври, откако беа договорени уставните промени кои ја намалија моќта на претседателот. „Ние многу слушаме за таа парламентарна демократија, а нашите киргиски пријатели решија да ја прифатат. Но, за Русија, а се плашам и за Киргистан, парламентарната демократија ќе претставува катастрофа“, истакна Медведев. Руската политичка сцена е под доминација на претседателот и на моќниот премиер Владимир Путин и со млак парламент кој начесто служи да ги потврди законите донесени „горе“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

