Свет
Во Јужна Африка спречено спалување на Библијата
Суд во Јужноафриканската Република ја спречил намерата на еден тамошен бизнисмен муслиман да запали примероци од светата христијанска книга, како одговор на заканата на американскиот пастор Тери Џонс дека ќе спалува примероци од Куран
Како што пренесува AFP, Високиот суд во Јоханесбург во петок навечер донел итен указ со кој на Мохамед Вавди да организира спалување на Библијата.Овој јужноафрикански муслиман изјавил дека предизвикан од американскиот пастор на малата пентакостална заедница од Флорида Тери Џонс, кој најави палење на светата муслиманска книга како знак на одбележување ан 11-ти септември кога беа извршени терористичките напади на претежно од саудиски муслимани во кои во Њујорк загинаа 2.996 луѓе.„Ме разбесни и ме предизвика. Мојот чин е насочен против него. Сакава да го запрам на кој и да е начин“, изјавил Вавада.Барањето до судот за забрана на палење на Библијата го испратила група јужноафрикански интелектуалци муслимани. Нивниот адвоката објаснил дека судиите решиле дека со спалување на верскиот текст кој членови на една јужноафриканска верска заедница го сметаат свет, претставува кршење на законот и дека слободата на изразувањето е забрането ако со нејзиното извршување друите се сметаат за навредени. И самиот Вавда изјавил дека е задоволен со одлуката на судот кој ја потенцирал важност од почитување на светите текстови, било да е тоа Библијата, Куранот или Тората, неговиот адвокат оценил дека и САД би требало да го следат примерот на јужноафриакнскиот суд во случајот на пасторот Џонс, како и другите кои во иднина ќе имаат слични намери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачкиот министер за одбрана: Украина пропушти историска шанса
Продолжувањето на вооружениот конфликт во Украина ќе предизвика уште поголема штета на Киев, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во интервју за локалниот весник „Правда“.
„Колку подолго трае конфликтот, толку поголема штета ќе предизвика на Украина“, рече Калињак, оценувајќи дека Киев имал можност да постигне поповолен договор со Русија веднаш по почетокот на војната.
Според него, околностите значително се промениле во меѓувреме, а Европската Унија повеќе нема финансиски или човечки ресурси потребни за да продолжи со сеопфатна поддршка на Украина.
„Европа е уморна. Никој не сака да ги испраќа своите војници, а земјите-членки на ЕУ веќе се двоумат кога станува збор за понатамошно финансирање. Затоа се повеќе се зборува за користење на блокирани руски средства“, истакна словачкиот министер за одбрана.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека продолжувањето на конфликтот во Украина може да доведе до избувнување на трета светска војна.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски предлага божиќно примирје; Русија го отфрла предлогот
Кремљ денес го отфрли предлогот на Киев за божиќно примирје, велејќи дека Русија нема намера да ги запре нападите за време на празниците, пренесуваат медиумите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва „не сака примирје што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“. Тој додаде дека Русија сака „мир, а не краткорочни, неодржливи решенија“.
Зеленски предлага божиќно примирје
Предлогот за божиќно примирје прв го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата барем привремено да ги запре руските напади, особено врз енергетската инфраструктура, за време на празничниот период.
Кремљ претходно денес изјави дека евентуалното примирје ќе зависи од тоа дали ќе се постигне поширок договор за прекин на војната. Песков, исто така, ги спомена изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуален мировен договор.
„Прашањето е дали ќе постигнеме договор или не. Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели, да ги обезбедиме нашите интереси и да гарантираме мир во Европа во иднина“, рече Песков.
Тој исто така рече дека Москва сè уште не видела никакви конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, за кои, според американските и европските претставници, Вашингтон разговара со Киев. Украина, барем засега, тврди дека примирјето за Божиќ би било хуманитарно. Русија се чини решена дека нема да има.
Фото: депозитфотос
Свет
BBC одговори на тужбата на Трамп: Нема основа за тоа
Британската медиумска компанија BBC објави дека ќе се брани во судска постапка вредна пет милијарди долари што ја покрена американскиот претседател Доналд Трамп против неа. Трамп ги тужи поради спорното уредување на неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“, пишува BBC.
Во тужба поднесена во Флорида, Трамп ја обвинува BBC за клевета и кршење на законите за трговски практики. Неговиот правен тим тврди дека BBC го клеветила претседателот со „намерно, злонамерно и погрешно уредување на неговиот говор“.
Во својот говор на 6 јануари 2021 година, во пресрет на немирите во американскиот Капитол, Трамп рече на толпата: „Ќе одиме пеш до Капитол и ќе ги бодриме нашите храбри сенатори, конгресмени и конгресменки“. Повеќе од 50 минути подоцна во истиот говор, тој додаде: „И се бориме. Се бориме како луди“.
Сепак, емисијата „Панорама“ прикажа клип во кој Трамп вели: „Ќе одиме пеш до Капитол… и јас ќе бидам таму со вас. И се бориме. Се бориме како луди“. Би-Би-Си призна дека таквото уредување создало „лажен впечаток“ дека Трамп „директно повикува на насилни дејствија“, но во исто време го отфрли тврдењето дека постои основа за тужба за клевета.
Портпаролот на BBC кратко рече: „Како што јасно ставивме до знаење претходно, ќе се браниме во овој случај. Нема да коментираме понатаму за тековните судски постапки“.
фото/депозитфотос

