Свет
Во поплавите во Чад речиси 145 илјади настрадани се заканува глад
Во поплавите кои од крајот на јули ја погодува оваа африканска земја, на страдале 144.600 луѓе за се заканува недостиг од храна, објави во сабота канцеларијата на ОН за хуманитарна помош на Чад – OCHA
„Силните дождови кој паѓаат последните седмици предизвикаа поплави во 12 од 22 покраини во Чад. Состојбата забележана на 8-ми септември е дека бројката на настрадани домаќинства изнесува 25.744 или 144.579 луѓе, меѓу кои има 69800 без неопходно сместување“, се цитира извештајот на OCHA – Чад во информацијата на AFP.Најтешка е состојбата во покраината Тибестија во северо-западниот дел од земјата. Погодени се и покраините Борко, Енеиди, Гуера, Канем, Оуадаи, Сила, Салам, Средна Чари, ИСточно Логоне, Тандџила и источно Мако-Кеби.Програмата на ОН за развој УНДП наменил сто илјади долари за итна помош на Чад. Ирската невладина хуманитарна организација Коцнер ворлдвајд наменила за жртвите од поплавата 56 илјади евра а Меѓународната комисија Црвениот крст намени три милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

