Свет
Пакистанска научничка осудена на 86 години затвор
Во четвртокот американскиот сојузен суд ја осудил пакистанската научничка Аафија Сидиќи на 86 години за обид за убиство на американски војници и офицери во Авганистан, пишува Reuters
Триесет иосум-годишната Аафија Сидиќи која се школувала во САД, беше прогласена за виновна во февруари годинава за обид за убиство, откако во 2008 г. беше уапсена во Авганистан. При приведувањето, во текот на сослушувањето таа извадиле оружје и почнала да пука на војниците со повиците „Смрт за Американците“. Во четвртокот судот за овој напад само ја изрече висината на казната, а во Пакистан тоа е проследено со бројни негодувања и протести, а најголеми биле во Исламабад и Карачи.. Associated Press цитира дека по читањето на пресудата, научничката Сидиќи била многу помирољубива,„Не сакам пролевање на чија и да е крв, Не сакам недоразбирања Навистина сакам мир и крај на сите војни“, изјавила Сидиќи.Американското обвинителство првично бараше таа да биде осудена за тероризам, а потоа ја претстави како ладнокрвна радикална личност Адвокатите на Сидиќи предложија 12 години затвор образложувајќи дека насилството во Авганистан предизвикало кај неа голема душевна болка. Сидиќи била студентка на универзитетот Брандис и на прочуениот Технолошкиот институт во Масачусетс (Massachusetts Institute of Technology – MIT).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

