Свет
Синот на син Ким Јонг-Ил произведен во генерал
На синот на севернокорејскиот водач Ким Јонг-Ил, Јонг-Ун, во понеделник му е диделен генералскиот чин, соопштиле официјалните државни медиуми во земајата
Ова е првото официјални споменување на најмладиот син на комунистичкиот диктатор, за кој се очеквуа во вторник да биде именуван за наследник на династички раководената државаКако што пренесува Reuters, кој се повикува на информации од јужнокорејката новинска агенција KCNА, аналитичарите во Сеул кои се повикуваат на разузнавачки извори, смеаат дека лидерот Ким е со многу нарушено здравје, Тој во понеделник на состанок со врвот на армијата исто така во чин генерал ја произвел и својата сестра Кјонг-Хуи, јавува KCNA.Јонг-Ун, за кој не се зане точно дали е роден во 1983 или во 1984 г. образоцание стекнал во Швајцарија, е најмладиот син на Ким Јонг-Ил од трите познати сина и никогаш не се споменуваше во официјалните медиуми на Северна Кореја.Владејачката Работничка партија на Кореја во вторник ќе одржи еден од ретките состаноци на раководството, потег што аналитичарите сметаат дека ќе го сигнализира почетокот на процесот на замена на Јонг-Ил со неговиот син на државничката функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште и болница.
„Нападите врз болниците се напади врз самиот живот. Нападите врз училиштата се насочени кон иднината на нацијата. Светот мора да ги осуди овие акти“, напиша Пезешкијан на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека неговата земја „нема да молчи и нема да попушти пред овие злосторства“.
Иранските власти соопштија дека во бомбардирањето на училиште во саботата на југот од земјата загинаа 168 лица, но ниту САД ниту Израел не потврдија таков напад.
Француските медиуми, кои ја објавија изјавата на Пезешкијан, изјавија дека не можат да ја потврдат веста за нападот врз училиштето и болницата поради независни избори и недостаток на пристап до областа.
Во Техеран, во неделата навечер беше оштетена болница, според иранските медиуми, додека властите не го објавија бројот на жртви.
Израел и САД го нападнаа Иран рано наутро во саботата. Иран возврати со ракетни напади врз голем број земји во регионот, првенствено таму каде што има американско присуство.
Свет
Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш
Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и горен среден дострел.
Како што напиша, денес му беше кажано дека САД имаат практично неограничени залихи од ова оружје.
„Војните можат да се водат засекогаш и многу успешно користејќи ги само овие залихи“, рече тој.
Трамп го обвини Џо Бајден дека потрошил стотици милијарди долари американски пари давајќи ѝ на Украина врвно оружје без да ги надополни залихите. Тој тврди дека ја обновил војската за време на својот прв мандат и продолжува да го прави тоа.

„Соединетите Американски Држави се добро опремени и подготвени да извојуваат ГОЛЕМА ПОБЕДА“, заклучи тој.
Свет
Амбасадата на САД во Кувајт е затворена
Амбасадата на САД во Кувајт е затворена до понатамошно известување поради, како што се вели, тековните регионални тензии.
Објава на платформата Икс наведува дека сите редовни и итни конзуларни состаноци се откажани и дека јавноста ќе биде известена кога амбасадата ќе се врати во нормални операции.

Амбасадата, наводно, вчера била цел на напад со беспилотно летало.

