Свет
Индонезија ќе ја преместува престолнината
Индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно дојде до решение за пренатрупаната, блокирана и подложна на поплави престолнина на земјата: да се пресели, пренесува Associated Press
„Ако сме искрени, објективни, Џакарта повеќе не е идеална за намената“, вели Јудхојоно, кој испратил тимови да бараат алтернативни места дури и до островот на џунглите, Борнео. Претходните предлози за дислоцирање на престолнината, проект кој би можел да ја чини оваа земја во развој повеќе од 11 милијарди долари, не успеаја да се реализираат. Според експертите, јасно е единствено дека нешто мора да се стори пред градот со 10 милиони жители да почне да „пука по шавовите“.Во текот на сезоната на дождовите, по улиците на Џакарта водата достигнува висина и до половина човек и ги поплавува домовите, а понекогаш предизвикува десетици смртни случаи од удар на струја.Со повеќе од 500 нови автомобили и 1.500 нови мотоцикли на улиците секој ден, згора на веќе постоечките 6,7 милиони возила во градот, сообраќајот во Џакарта се движи со просечна брзина од 10 километри на час, со што и најкраткото патување низ градот трае по два часа. Според портпаролот на владата, Јопи Хидајат, тоа ја чини Џакарта, која е најголемиот град на светот без подземна железница, најмалку 1,4 милијарди долари годишно во изгубено време и гориво.Истовремено, делови на инфраструктура на градот, која се распаѓа, потекнуваат уште од времето на холандското колонијално владеење со регионот пред еден век.Минатиот месец, дел од градскиот автопат со четири ленти во северна Џакарта, во должина од 100 метри, пропадна во река.Предлогот за преселба на Борнео потекнува уште од времето на првиот претседател на Индонезија, Сукарно, кој сакал подеднаков развој за 17-те илјади острови на Индонезија. И тој сфатил дека некогаш мирното мало пристаниште Џакарта нема да издржи како престолнина долго време.Уште неколку други држави на светот ги преместиле своите престолнини, како Бразил, Пакистан, Малезија и Мјанмар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прво огласување на кралот Чарлс по апсењето на Ендру
Британскиот крал Чарлс се огласи по апсењето на својот брат и поранешен принц Ендру.
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за соодветно истражување на ова прашање и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков, тие ја имаат нашата целосна и безусловна поддршка и соработка. Да бидам јасен: законот мора да си го направи своето. Додека овој процес продолжува, не би било соодветно да коментирам понатаму. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас. Чарлс Р.“, изјави тој.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.

