Свет
Расмусен го обелодени новиот стратешки концепт на НАТО
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска ги објави битните насоки на новиот „стратешки концепт“ на Алијансата и истакна дека оваа институција би требало да стане темел на светската сигурност и да им пружи рака на Кина и на Индија
„Дојде моментот за третото издание на НАТО, по првото за време на студената војна и второто по падот на Берлинскот ѕид, одбележано од интервенциите во Босна и во Авганистан, како и со низата нови партнерства“, вели Андрес Фог Расмусен, генералниот секретар на НАТОГенералниот секретар го претстави она што во идеална варијанта би требало да биде новиот „стратешки концепт“, којшто членките на Атлантскиот сојуз би требало да го усвојат до одржувањето на самитот на НАТО на 19 и 20 ноември во Лисабон. Министрите за одбрана и за надворешни работи на 28-те земји-членки конечната одлука треба да ја соопштат на состанокот во Брисел на 14 ноември. Претходниот концепт датира од 1999 г. Прва од трите задачи кои ќе се постават пред НАТО, вели Расмусен, е „модернизацијата“ на воениот апарат на Сојузот, која се однесува и на капацитетот на Алијансата да „застрашува“. Втората задача, според генералниот секретар е да се имаат на ум „поуките кои, по многу висока цена, ги научивме од ситуацијата во Авганистан“, а третата задача е „продлабочување“ на актуелните партнерства на Алијансата со земјите во азиско-пацифичкиот регион, на Медитеранот и во Персискиот залив, како и со Русија. Но, предупредува Расмусен, членките на НАТО не смеат да отидат предалеку во кратењето на своите буџети за оваа намена.Истовремено, руската агенција Риа Новости го цитира генералниот секретар, кој во обраќањето до „Маршаловиот фонд на САД“ во Брисел изјави дека нема никаква потреба од нов европски безбедносен договор. „Темелните вредности на оваа алијанса нема и не би требало да се менуваат. Затоа што имаат исто толку смисла како и кога беа донесени пред 61 година. И затоа што и натаму се есенцијални за безбедноста на нашите граѓани“, рекол Расмусен во обраќањето. Русија прва повика на нов и севклучувачки Европски безбедносен договор уште во 2008 година, а рускиот претседател Дмитри Медведев неделава изјави дека безбедноста во Европа е „фрагментирана“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар
Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот.
Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина меѓу Атина и Никозија.
Кипарските власти соопштија дека опремата треба да пристигне во најкраток можен рок. Според владата во Никозија, дроновите биле лансирани од територија на Либан, а зад нападот веројатно стојат милитанти на Хезболах.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции поврзани со Иран.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

