Свет
Први парламентарни избори во Киргистан по превратот

Парламентарни избори се одржуваат денеска во Киргистан, први по соборувањето на претседателот Курманбек Бакиев во април и големите етнички судири меѓу Киргизите и малцинските Узбеци во јуни
За 120 места во Парламентот се натпреваруваат 29 политички партии, а најмалку шест имаат шанси да го минат изборниот цензус од пет отсто. На изборите се поканети 2,8 милиони бирачи со право на глас, а покрај 22 посматрачи од Организацијата за европска безбедност и соработка(ОЕБС), изборите ќе ги следат дополнителни 300 посматрачи. Првите резултати се очекуваат утре, јавува агенцијата Франс прес. Киргистан, единствената земја на светот со руска и американска база, избира пратеници според новиот Устав, со што е прва земја во централна Азија што воспоставува парламентарна демократија. По бунтот во април и соборувањето на Бакиев, на чело на преодната влада стапи Роза Отунбаева, а во јуни Киргистан донесе нов устав со кој се укинува претседателскиот систем. Новиот премиер на Киргистан ќе треба да ја обедини земјата, да ги надмине политичките тензии и етничките поделби меѓу Киргизите и Узбеците, поради кои 400 луѓе беа убиени во немирите во јуни, а илјадници останаа без своите домови. Но Русија и аналитичарите стравуваат дека тоа ќе биде тешка задача бидејќи поделениот парламент би можел да го парализира политичкиот процес и да поттикне насилства во борбата на партиите за власт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.