Свет
Извлечен и последниот чилеански рудар
И последниот од 33-та чилеански рудари е извлечен на површина
Со помош на капсулата „Феникс” и последниот од блокираните рудари во рудникот Сан Хозе беше извлечен на површината на земјата.Педесет ичетрири-годиѓшниот Луис Урсу беше пречекан со силни аплаузи, под звукот на сирени и беше поздравен од претседателот Себастијан Пинера. Урсу беше началник на смената и остана последен под земја да чека прво да бидат спасени неговите 32-ца другари. „Ве поздравувам, бидејќи како добар капетан, излеговте последен”. Со овие зборови тој беше поздравен од шефот на државата Себастијан Пинера. Урсу вдишува чист воздух 22 часа подоцна од вадењето на правиот рудар од групата, Флоренсио Авалос. Спасувачката операција со капсулата „Феникс” мина без проблеми за сите рудари. При излегувањето на Урсула сите заедно ја пееја националната химна. Сепак, на дното на рудникот останаа уште неколку члена на спасувачкиот тим кои треба да се искачат на површината и операцијата конечно да заврши. Повеќето од спасените рудари, кои поминаа 69 дена под земја, се наоѓаат во добра здравствена состојба. Во болница, на рударите им ги прегледуваат белите дробови. Повеќето се во одлична состојба. Проблеми со здравјето имаат само Марио Сепулведа, кој е болен од силикоза и Марио Гомез, кој според лекарите е доста слаб. „Бев и со Бога и со ѓаволот. Но, знаев дека Бог ќе нè спаси “, рече Сепулведа, опкружен од неговата сопруга и двете деца во неколкуминутниот монолог пред камерата, емитуван на чилеанската државна телевизија. Директорот на Американската вселенска агенција НАСА го поздрави успехот на спасувачките операции. NASA испрати четворица експерти во Чиле. Спасувањето на чилеанскиот рудари, кои поминаа 69 дена 622 метри под земјата, предизвика радост во целиот свет, изјави американскиот претседател Барак Обама. Обама во говор во Белата куќа изјави дека оваа спасувачка операција е нешто што го израдува цел свет. Стејт департментот им честиташе на чилеанската влада и спасувачите за напорите кои ги направија за вадење на рударите.Спасувачката операција ја следеа претседателот на Чиле, Себастијан Пинера, семејствата и роднините на рударите, како и повеќе од 1,5 илјади новинари. Во средата наутро во рудникот дојде боливискиот претседател Ево Моралес, кој има намера лично да го одведе во престолнината Лапаз боливискиот рудар Карлос Мамани.Спасувачката операција која латиноамериканските медиуми го нарекуваат „херојска“ и „историска“, започна во вторникот. Откако беше пробиен тесен тунел до рударите беше со специјалната капсула „Феникс“, со која која беше направен целосен увид на системот. Сепак, почетокот на операцијата беше изменет од првичниот план и отакко спасувачите извршија мала иснтруктажа на рударите, беше извлечен првиот рудар Флоренцио Авалос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го критикуваше Стармер: Односите со Британија не се како порано
Доналд Трамп го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер за неговата улога во американските напади врз Иран, велејќи дека тој не бил од помош и дека односот меѓу двете земји очигледно не е каков што бил порано. Во разговор за британскиот весник „Сан“, Трамп изрази разочарување од ставот на Велика Британија, објавува „Сан“.
Трамп во телефонско интервју рече дека никогаш не помислил дека ќе го види ова, особено не од Велика Британија. Споредувајќи ги сојузниците, тој додаде дека Франција е одлична, како и другите, додека Велика Британија е многу поинаква.
Критиките на Трамп дојдоа откако владата на Стармер првично им го одби на Соединетите Држави користењето на британските бази за напад врз Иран, а потоа ги отвори за она што го нарече одбранбени напади. Стармер нагласи во Долниот дом во понеделник дека владата не верува во промена на режимот од воздух, осврнувајќи се на нападите.
Свет
Погодена американската амбасада во Ријад, нов израелски напад врз Либан
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ријад беше погодена од два дрона, а во дипломатскиот комплекс избувна пожар, но засега нема пријавени жртви, објави саудиското Министерство за одбрана.
Се наведува дека е предизвикана мала материјална штета.
Според Ројтерс, над Дипломатскиот кварт се гледал црн чад, додека сведоците пријавиле силна експлозија и пламен.
Саудиските власти и извори изјавија дека пожарот бил помал.
Зградата на амбасадата била празна во времето на нападот и немало пријави за жртви, објавија светските медиуми.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави за „NewsNation“ дека одговорот на Вашингтон на нападот врз амбасадата „наскоро ќе биде познат“.
Амбасадата на САД претходно издаде предупредување до американските граѓани во Ријад, Џеда и Дахран да останат во засолништа и да ја избегнуваат амбасадата до понатамошно известување.
Иранската револуционерна гарда објави дека извршила напад со дронови и ракети врз американската воздухопловна база во регионот Шеик Иса во Бахреин.
Според извештаите објавени во иранската државна агенција ИРНА, биле лансирани 20 беспилотни летала и три ракети, тврдејќи дека главниот команден штаб на базата е уништен, без да се дадат докази.
Иран изјави дека нападите биле дел од одмазда за американските и израелските напади на негова територија.
Американскиот Стејт департмент, исто така, нареди евакуација на неитен персонал и семејства во Бахреин и Јордан.
Во соопштението на Стејт департментот објавено на интернет, се наведува дека одлуката е донесена „поради безбедносни ризици“.
Израел започна нови напади врз Бејрут
Либанските медиуми објавија дека најмалку два израелски воздушни напади биле извршени во јужниот бејрутски округ Дахије, кој се смета за упориште на Хезболах.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) не ги коментираа обвинувањата, објави „Тајмс оф Израел“.
Според извештаите на арапските медиуми, цел на нападот била радио станицата Ал-Нур, во сопственост на Хезболах.
Исто така, се наведува дека во текот на ноќта бил цел на телевизискиот канал Ал-Манар, исто така поврзан со Хезболах.
Во исто време, Израелските одбранбени сили издадоа нови наредби за евакуација на десетици локации во Либан.
Во објавата на портпаролот Авикај Адреи на Телеграм, беа споменати околу 50 места, со повик до жителите веднаш да ги напуштат своите домови за безбедност.
Специјално предупредување беше испратено до жителите на јужните бејрутски населби Гобеири и Харет Хреик, со порака дека се наоѓаат во близина на објектите и интересите на Хезболах, против кои наскоро ќе дејствува ИДФ, пренесува Танјуг.
Регион
Авион од Дубаи слета во Белград, евакуирани 200 српски државјани
Авион од Дубаи со 200 српски државјани слета денес во Белград, откако летовите меѓу Обединетите Арапски Емирати и Србија беа суспендирани поради тензиите на Блискиот Исток.
Првиот авион со 200 патници полета од аеродромот во Дубаи синоќа, објави Радио телевизија Србија (РТС).
Аеродромот во Дубаи објави дека првиот лет од Обединетите Арапски Емирати до Србија, по суспензијата на воздушниот сообраќај, полетал околу 23:30 часот по централноевропско време.
Авионот е Боинг 737 MAX 8, со капацитет од 162 до 200 патници, управуван од авиокомпанијата „Флајдубаи“.
Во меѓувреме, авиокомпанијата Емирати објави дека го продолжува сообраќајот со реализација на ограничен број летови.
„Приоритет им се дава на патниците со претходни резервации, а оние кои се прераспределени на овие ограничени летови ќе бидат контактирани директно од компанијата Емирати“, се вели во соопштението.
Компанијата ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот освен ако не бидат однапред известени, додавајќи дека сите други летови остануваат суспендирани до понатамошно известување.
Летовите беа откажани поради американско-израелската воена кампања започната во саботата против Иран, во која загинаа неколку високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер Али Хамнеи.
Како одговор, Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз неколку земји во регионот каде што се наоѓаат американски воени објекти.

