Свет
Малку надеж за затрупани кинески рудари
Кинеските спасувачки служби во недела објавија дека има малку надеж да бидат извлечени живи 11-те заробени рудари во вчерашната експлозија во јагленокоп во централна Кина
Како што јави агенцијата Ксинхуа, во саботата првично 20 рудари загинале а седумнаесет останале заробени под земја. Подоцна од службите во рудникот во покраината Хенан каде експлодирал метан, беше соопштено дека под емјата останале 11 рудари.„Има малку надеж дека 11-те рудари преживеале и ќе ни бидат потребни уште четири до пет денови да ги пронајдеме“, изјавил Ду Бо, заменик раководител на операцијата за спасување пренесува China News Service..Се претпоставува дека рударите се затрупани под повеќе од 2.500 тони прашина која настанала по експлозијата. Тие се наоѓаат на 50 до 80 метри од влезот во рудникот, но густата прашина го отежнува спасувањето. Во експлозија на метан од 9-ти октомври во рудникот Јузоу исто така во покраината Хенан загинаа 26 рудари а 11 беа спасени. Во окното тогаш имало 276 рудари од кои 239 успеаја да се спасат. Кинеските рудници се сметаат за најопасни на светот. Само минатата година според официјалните податоци, во нив загинале 2.631 рудар. Меѓутоа, независните организации сметаат дека таа бројка е многу поголема, бидејќи според нив многу несреќи се премолчуваат за да се спречи затворањето на рудниците. Според овие податоци, околу седум илјади луѓе гинат годишно во несреќи предизвикани во рудниците за јаглен во земјата.Јагленот во Кина носи 70 отсто од целата енергија, земја со недостиг од енергетски ресурси, каде рударската професија е една од најопасните во светот поради сиромашните сигурносни стандарди во работата и интензивниот работен план. Кина се труди да ги затвори помалите рудници или да ги земе во своја сопственост, како дел од поголемите рудници, за да се избегнат честите трагедии. Во кинеските рудници смртноста е многу голема, поради застареноста на инфраструктурата и слабите безбедносни мерки.Несреќите во кинеските рудници за јаглен се мнову чести, речиси секоја седмица последниве години се случува несреќа во која гинат десетина рудари. Во 2008 г. во вакви несреќи загинале 3.215 кинески рудари, но се смета дека неофицијалната бројка е многу поголема. Само во декември 2009 г. месец, во несреќа на сервероисток на Кина загинаа 108 рудари, што беше најтешката несреќа во кинеските рудници во последните две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

