Свет
Коморовски ја продложи полската мисија во Авганистан до април 2011-та
Полскиот претседател Бронислав Коморовски се согласил со продолжување на рокот на воената мисија во Авганистан до 13 април 2011 г., известија полските медиуми
„Зголемувањето на бројката војници на полскиот воен контингент не е предвидено”, дополнил соговорникот од кабинетот на полскиот претседатле за РИА Новости.Од септември 2003 г. кога во Авганистан е разместен полскиот воен контигент во коалициската мисија ИСАФ предводена од НАТО, досега загинаа 21 полски војник. Сега во Авганситна има 2.600 полски војници, кои претежно се стационирани во провинцијата Газни, меѓу престолнината на земјата Кабул и Кандахар.Последниот инцидент на полскиот контигент беше забележан на 4-ти овој месец кога тројца војници беа ранети во ракетен напад во Газни додака полските војници биле на заедничка патрола со авганистанските сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Калас: САД се најголемиот сојузник на ЕУ и покрај критиките кон Европа од Вашингтон
САД остануваат „најголем сојузник“ на ЕУ, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, по објавувањето на новата Национална безбедносна стратегија на САД. Документот предупредува на „бришење на цивилизацијата“ во Европа поради мигрантите.
Калас додаде дека, иако има критики кон Европа, дел од нив се оправдани и дека и покрај разликите, принципот на сојузништво останува непроменет.
Американската стратегија, објавена од администрацијата на Доналд Трамп, предлага крај на „трајното проширување“ на НАТО, со што повторно се уништува надежта на Украина во борбата против руската инвазија. Документот критикува и европски политики поврзани со имиграција, слобода на говор, намалување на наталитетот и слабеење на националниот идентитет.
Калас истакна дека Европа понекогаш ја потценува сопствената моќ, на пример во однос на Русија, и дека треба поголема доверба во себе. Таа предупреди дека ограничувањата врз Украина нема да донесат траен мир, бидејќи наградувањето на агресијата ќе ја повтори.
Поранешниот европски комесар Тиери Бретон оцени дека стратегијата ја ослабува Европа и ја спореди со плановите на Путин, повикувајќи на обединет одговор од европските лидери. Според аналитичарите, документот може да го поттикне влијанието на екстремно десничарските и антиимиграциските партии во Европа.
Свет
Молдавија има проблеми со струјата поради руските напади врз енергетскиот систем на Украина
Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија „Молделектрика“ се соочува со тешкотии поради синоќешните руски напади врз енергетскиот систем на соседна Украина и побара помош од Романија со електрична енергија.
„Големата електрана е исклучена, а интерконекциите се приближуваат до својата граница. Поради надминување на планираниот проток, Молделектрика побара итна помош од Романија“, се вели во соопштението.
Русија синоќа нападна енергетска инфраструктура во регионите Чернихив, Запорожје, Лвов и Дњепропетровск во Украина.
Украинското Министерство за енергетика објави дека неколку области (Киев, Чернигов, Лвов, Одеса, Запорожје, Днепропетровск и Николаев) биле погодени од нападите, кои предизвикале прекини во електричната енергија.
Руското Министерство за одбрана изјави дека биле нападнати компании од „украинскиот воено-индустриски комплекс и енергетската инфраструктура што го поддржува неговото функционирање“, како и пристанишни објекти што се користат „во интерес на украинските вооружени сили“.
Свет
Во понеделник во Лондон, состанок меѓу Зеленски, Стармер, Мерц и Макрон за Украина
Во понеделник во Лондон за Украина ќе разговараат претседателот Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Макрон денеска на платформата Икс (X) најави дека тие „ќе ја разгледаат ситуацијата и тековните преговори во рамките на американското посредништво“ за мир во Украина.
„Мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме да склучи мир“, напиша Макрон, осудувајќи ги руските напади минатата ноќ врз украинската енергетска и железничка инфраструктура.
Денеска на социјалните мрежи Зеленски напиша дека целта на тие руски напади била да „страдаат милиони Украинци“ и дека ваквите напади „бараат одговор и дополнителен притисок“ врз Москва, објави парискиот весник „Ле Монд“.

