Свет
Руските војници го напуштија грузиското село
Руските војници во понеделник излегле од грузиското село недалеку од границата со отцепениот регион Јужна Осетија, кое беше запоседнато и покрај противењето на грузиските и набљудувачите на Европската Унија цели две години по кусата војна меѓу двата поранешни советски соседа
„Русите си заминаа. Во Переви повеќе нема ниеден руски војник“, изјавил грузискиот министер за внатрешни работи, Шота Утиашвили за Reuters.Прозападната Грузија жестоко се противеше на руското присуство во селото Переви, сметајќи го за нарушување на прекинот на огнот по војната од август 2008 г., кога Русија жестоко одговори на грузиските воени интервенции во проруската Јужна Осетија која сакаше да се отцепи, како што оцени западот – по неколкумесечни руски провокации.Утиашвили рекол дека „помал контингент“ од единците на грузиското министерство за внатрешни работи влегле во селото заедно со група невооружени набљудувачи на Европската Унија. Тој додал дека руската единица преминала на другата страна од границат во Јужна Осетија.Москва мината седмица соопшти дека ќе ги повлече војниците од Переви по најновата рунда разговори во Женева водени со меѓународно посредување. Руската страна тоа го опиша како „чин да добра волја“ и тест за грузиската воздржаност.Набљудувачката мисија на Европската Унија распоредена по војната повеќепати ги повика руските сили да го напуштата Переви, село со околу илјада жители кое се наоѓа на малиот планински пат кој е единствениот пристап од западната страна до Јужна Осетија.Русија ги призна Јужна Осетија како и другиот отцепен регион, Абхазија, као независни држави кои се под руска воена заштита по војната од 2008 г., игнорирајќи ги противењата на западните сојузници на Грузије.Двата региона инаку ја отфрлија доминацијата врз нив на Тбилиси уште во раните 1990-ти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

